Понеделник, 22 Април 2019    Печати
Новата реалност во Република Македонија е дека граѓаните одбраа правда токму за Македонија

JanusevИгор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Новата реалност во Република Македонија е дека граѓаните одбраа правда токму за Македонија. Гордана Сиљановска Давкова е изборот на граѓаните, таа е изборот затоа што е олицетворение на правдата, човек со кредибилитет и свој став.

За нас довербата од граѓаните е обврска, а новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ, и коалицијата која ВМРО-ДПМНЕ ја направи со народот победи во 47 општини. Фактите говорат дека на минатите локални избори, победивме во само 5, а вчера по нешто повеќе од една година во 47 општини.

Цврсто веруваме во победа во вториот круг на изборите, затоа што народот се определи. Големиот број на гласови кои ги освои Гордана и ВМРО-ДПМНЕ за нас се огромна обврска да продолжиме понатаму.

Ги повикувам сите граѓани, апсолутно сите граѓани да ја искористат можноста за конечна победа на правдата, над неправдата. ВМРО-ДПМНЕ е за принципи, вредности и честитост.

Да се обединиме во заложбите за правда во Македонија и за Македонија, правдата е и зачуваното достоинство, подобриот стандард, подоброто здравство, приносното земјоделие, нови фабрики, сигурност и иднина која е загарантирана.

Затоа ајде заеднички да испишеме историја, да победат граѓаните наспроти целата власт, и неправдите.