Понеделник, 22 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
Македонија ќе ја добие првата жена претседател!

altЛидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески: Граѓаните вчера го победија стравот и враќање назад нема, Македонија ќе ја добие првата жена претседател!

Според последните податоци на ДИК, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е во водство од 4.606 гласа пред неговиот противник, Гордана Силјановска-Давкова.

Според претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, вчерашните резултати се доказ дека власта ја изгуби поддршката кај граѓаните на Македонија.

„Вчерашниот резултат е доказ дека власта ја изгуби поддршката кај граѓаните. Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ се победник на вчерашните избори наспроти СДСМ и ДУИ и уште 30 тина партии на куп. Силјановска е кохезивен фактор за македонското општество, политичар кој нуди алтернатива на сивилото кое две ипол години ја има обременето државата. Опозицискито расположение е повеќе од видливо. Кога би се собрале гласовите на Гордана со гласовите на албанските опозициски партии јасно е дека е многу блиску денот кога оваа катастрофална власт ќе си замине. Колку побргу – толку подобро. Тоа е пораката и на младите и на скопјани и на битолчани и на сите кои не можеа веќе да го толерираат криминалот, корупцијата, непотизмот, неспособноста и неправдата во Македонија. Концептот на право и правда победи на криминалот, корупцијата, непотизмот и падот на економијата. За ВМРО-ДПМНЕ беше очекуван резултатот, истиот можеше да биде и подобар, но поради апсолутната власт која ја има СДСМ и методите за притисок тој е малку помал. Но, вчера граѓаните покажаа без разлика колкави притисоци и да има желбата за подобро е сепак посилна. Воедно резултатите покажаа дека ВМРО ДПМНЕ во моментот е најголемата политичка сила во моментот што за нас е обврска, додека СДСМ е на минимумот гласови“, истакна Јаулески.

Тој е убеден дека на 5-мај, Македонија ќе ја добие првата жена претседател во историјата.

„За вториот круг можам само да кажам дека ние одиме на победа. Граѓаните вчера го победија стравот и враќање назад нема. Македонија на 5 – ти мај ќе ја добие првата жена претседател“, додаде Јаулески за „Фокус“.

Јорданчо Цветаноски

https://fokus.mk/liderot-na-ums-na-vmro-dpmne-jauleski-graganite-vchera-go-pobedija-stravot-i-vrakane-nazad-nema-makedonija-ke-ja-dobie-prvata-zhena-pretsedatel/

 

На прво место

News image

Го прочитав статусот на Љубчо Георгиевски посветен на делот за Драган Богдановски

Го прочитав статусот на Љубчо Георгиевски посветен на делот за Драган Богдановски и Христијан Мицк...

Историја

News image

Американски весник во 1914 известува за одржана литургија на Македонски во чест на Кирил и Методиј

Американски весник во 1914 известува за одржана литургија на Македонски во чест на Кирил и Методиј...

Иселеници

News image

СЕЌАВАЊА

Навираат, но не носат светлина во денот Тие овенуваат, ис...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (27)

НОМИНАЦИЈА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР НА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (13)

ПРАИСТОТИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И ЕОЛЦИ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.