Понеделник, 22 Април 2019    Печати
Скопјани не им веруваат на Заев и Пендаровски
ВМРО-ДПМНЕ победнички во главниот град- Скопјани не им веруваат на Заев и Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ победнички во главниот град- Скопјани не им веруваат на Заев и Пендаровски

Вчерашните претседателски избори се вистински пресврт на македонската политичка сцена, ВМРО-ДПМНЕ со кандидатот кој го поддржува, Гордана Силјановска Давкова со сигурна победа над Пендаровски во Скопје го најавува новиот бран на победи опозицијата и во вториот круг.

Во Кисела Вода Силјановска со 14.685 гласови победи пред Пендаровски со 10.295 гласа, што е разлика од над 4000 гласа или разлика од над 30%. Победа на опозицискиот кандидат имаме и во Аеродром, каде Силјановска со 16.450 гласови води пред Пендаровски со 14.007 гласови, што е разлика од над 2000 гласа или 15% водство.

Победата за Силјановска е огромна во Гази Баба каде истата води со над 6000 гласа пред Пендаровски, имено во Гази Баба Силјановска има освоено 15.678 гласови, додека Пендаровски 9.232 гласови, односно тоа е победа со над 40% разлика.

Ситуацијата е истата и со северната скопска општина Бутел, каде Силјановска со 6.383 гласа води пред Пендаровски кој освои 5.001 гласови, што е водство со над 20%. Во Чаир имаме победа на Пендаровски каде тој со 8.203 гласа води пред Река со 5.833 гласа, а Силјановска во истата општина има 2.947 гласа.

Голем пресврт имаме во Центар и Карпош, каде ВМРО-ДПМНЕ ја намали разликата во однос на СДСМ, а кои општини до сега важеа за традиционални гласачи на СДСМ. Имено во општина Центар разликата од над 40% за локалните избори се спушти на нешто под 30%, иста е ситуацијата и во Карпош каде од разлика од 40% разликата се сведе на нешто помалку од 20%.

Во Шуто Оризари, каде Пендаровски зад себе ги има СДСМ, ДУИ, ромските партии на Амди Бајрам, Самка Ибраимовски, Неџдет Мустафа, како и градоначалникот Курто Дудуш имаме тесно водство на Пендаровски со само 2.351 глас пред 1.772 гласа на Силјановска. Само за компарација, кога ВМРО-ДПМНЕ одеше во коалиција со ромски партии во Шуто Оризари победуваше со 7 – 8 илјади разлика против СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ со победа и во Ѓорче Петров го врати како што голем дел од поддржувачите на оваа партија милуваат да кажат својот бастион, каде со над 2.000 гласа или 30% разлика Силјановска го победи Пендаровски.

На ниво на град Скопје, Силјановска освои точно 87.268 гласови, додека Пендаровски 86.604 гласови. Оваа победа во Скопје е показател дека граѓаните на главниот град не и веруваат повеќе на власта.

Дополнително победа на ВМРО-ДПМНЕ е поголема ако се земе предвид дека зад гласовите на Силјановска стојат и СДСМ и ДУИ, и уште 30 тина мали партии, додека зад гласовите на Силјановска само ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Доколку сакаме да го анализираме опозициското расположение во Скопје против тоа на владеачките СДСМ – ДУИ на гласовите на ВМРО и Силјановска ги додаваме тие на Река, со што опозицијата води со 102.173 гласа пред Пендаровски зад кого стојат СДСМ и ДУИ и триесетина партии со 86.604 гласа.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pobednichki-vo-glavniot-grad-skopjani-ne-im-veruvaat-na-zaev-i-pendarovski/