Среда, 24 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
ПОВТОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО на РМ

22

Минатата среда го објавивме истиов текст, ГО ИШБРИШАЛЕ, дојде живот, слободно новинарство на македонски начин.

ПОВТОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО на РМ

Почитувани обвинителки и обвинители,

Во неколку наврати преку порталот mn.mk јавно ве повикав да реагирате на "допрен глас" (што не само што ме допре - туку ме потресе) од Викиликс (WikiLeaks) дека, според декласифицирана службена депеша од Американската амбасада во Скопје до Стејт Департментот, лицето Зоран Заев десетина дена пред терористичкиот напад во кумановско Диво насеље бил во Приштина каде со тамошниот премиер Рамуш Харадинај, наводно, го договорил тој кукавички настан во којшто беа убиени осум (8) македонски полицајци и 14 четиринаесет (а не десет, како што званично беше побјавено) терористи, од кои четири американски "инструктори" од базата Бонстил на Косово!?

Дами и господо обвинители, зарем не чуствувате потреба, но и одговорност службено да покренете истрага по допрен глас за да се утврди веродостојноста, а ако има основ и нечија одговорност за овој случај??? Работава е премногу сериозна за да можете да го игнорирате бидејки веродостојноста на депешите од Американската амбасада во Скопје се 100% точна!!! Ало, обвинители, се работи за у б и с т в о на осум полицајци, осум чувари на Уставот и поредокот во Република Македонија. Дали ова сознание допира до вас???

Ветив и нема да се откажам да ве потсетувам на овој злосторнички потфат се додека не реагирате (Се надевам не чекате нови избори, па за да го сторите тоа)???

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ „БОМБА“ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ.

Zaginati-policajci-Kumanovo

Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина!?

Викиликс мрежата која веќе неколку години објавува, хакирани електронски пошти објави извештај на Американската администрација дека структури на СДСМ биле во комуникација со терористите од Диво Насеље во врска со тамошниот терористички напад. Сопоред извори во УБК, Зоран Заев практично ја признал соработката на СДСМ со терористичките групации од Косово кои влегоа во Диво Насеље, најавувајќи дека „Ќе има крв во Мај ако Груевски не отстапи“

Терористичкиот напад се случи на 10ти мај 2016., но беше спречен првичен план за напад на поголеми јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, како што планирале на 15ти мај 2016, што ќе резултираше со големи цивилни жртви.

Во преписка помеѓу Стејт Департментот и Амбасадата на САД во Скопје, Викиликс ја објави оваа комуникација:

„Тимот БРАВО потврдува дека најмалку 20 членови (на терористичката група, м.з.) влегле од Косово, во моментот се концентрирани во ридовите околу Куманово. Иако себеси се сметаат за исламски радикали, оваа група употребува криминални и терористички методи“, се вели во преписката.

Во одговорот од Стејт Департментот се вели: „Оваа група е блиска до Харадинај во Косово и таа веќе има остварено комуникација со политичари во Скопје. Се сретнале најмалку два пати во Приштина. Членовите на овие радикали во Косово и Макеоднија комуницираат со политичкото движење (СДСМ) кои сакаат да ја соборат Владата“ тврди документот објавен од Викиликс.

Ден по инцидентот во Куманово, лидерот на СДСМ Зоран Заев наместо да ги посети повредените полицајци, отиде да ги посети лицата со блиски врски до УЧК кои им помагале на терористите со логистика и информации во реално време за движењето на полицијата во реонот.

Десната рака на Заев, Захир Бекири – Чауш кој е во затвор за производство на 35.000 лажни лични карти, имал сокриено 80 панцири во канцеларија на СДСМ наменети за терористите во Куманово, но никогаш не биле дистрибуирани до нив, имајќи во предвид дека полицијата имаше акција неколку дена пред терористичкиот напад.

Освен политичка поддршка, терористите имале и медиумска поддршка за време на терористичкиот напад. Истата беше координирана, а Македонската јавност може да се потсети на „извештаите“ на ТВ Телма и порталите кои известуваа дека тоа не биле терористи туку „цивили во пижами кои се бранеле од полицијата“!

24

На сликата: Лицето Зоран Заев со радосен селфи го прославува настанод во Диво насеље со подржувачите на убиујците на осум македонски полицајци.

Martin Trenevski

Подготвил: Mр Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Единствено со што блеска оваа Влада се измамите

Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (27)

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВ...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.