Вторник, 23 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
Антонио Милошоски: Премиерот Заев и ЛАЖНАТА МЕТЛА

13015226 1207221359297328 5587478577898828894 n

Антонио Милошоски: Премиерот Заев и ЛАЖНАТА МЕТЛА

"Консензуалниот" кандидат Пендаровски во првиот круг на претседателските избори доби помалку гласови отколку што добиваше за време на режимот, и тоа сега појачан со поддршката од ДУИ, ДПА, Амди Бајрам, Курто Дудуш, Љубчо Георгиевски, Павле Трајанов, Африм Гаши и Драгиша Милетиќ.

Слабиот резултат предизвика разочарување и нервоза кај премиерот Заев, кој добро знае дека ваквиот лош резултат е најава дека времето на владеачката коалиција почнало да истекува. Затоа Заев се обидува да направи потег со кој би убедил што повеќе разочарани поддржувачи на владината коалиција да излезат и да го гласаат Стево.

И некој го советувал "шефе, закани се со операција метла, чистка после изборите, тоа секогаш пали кај народот и членството". И Заев прифатил да го изведе и овој трик. Но...
Најавата за "ЧИСТКА" на неуспешни министри, директори и други функционери, после претседателските избори, е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев. Зошто? Затоа што доколку Заев навистина ја разбрал пораката од незадоволните гласачи тој може, согласно Уставот и Законот за влада, уште денес до Собранието да достави предлог за разрешување, на пример на министрите:
Венко Филипче, заради сомнителните тендери и кризата во здравството Дамјан Манчевски, заради немањето ни "р" од најавените реформи во администрацијата Асаф Адеми, заради неуспешната политика во секторот култура и Садула Дураку, заради нула ангажман во животната средина.

Само со поднесување на предлози за разрешување на владини министри, директори или началници денес, Заев ќе покаже дека ја примил пораката на незадоволните гласачи вчера. И доколку се обидува да се вади дека тоа не може да го направи бидејќи е кампања, пак ќе излаже, бидејќи Уставот и Законот му дозволуваат и во кампања да даде вакви предлози за разрешување, а истите во Собранието ќе се гласаат после завршувањето на изборите. Но, тоа што Заев нема да поднесе предлог за ничие разрешување, само докажува дека тој повторно се обидува да ги манипулира граѓаните гледајќи ги во очи.

Заев не смее ни да помисли да им удри метла на министрите Филипче и Манчевски, бидејќи ќе добие внатрепартиска "метла по нос" од крилото на Шеќеринска.

Заев не смее ни да помисли да му одри метла на министерот Садула Дураку, ниту било кој директор од ДУИ бидејќи ќе добие внатре-коалициска "метла по глава" од Али Ахмети.

Заев не смее да помисли да го тргне од владата министерот Асаф Адеми, затоа што "метла по грбот" ќе му удрат тројцата пратеници на Африм Гаши во Собранието.

Затоа, ОПЕРАЦИЈАТА МЕТЛА, после претседателските избори ќе заврши само со смена на шоферот на градоначалникот од Прилеп, директорот на водостопанство во Битола, директорот на комуналното во општина Дебрца и смена на Алмир Дудуш, роднината на Курто, главен раководител за спорт и образование во Шутка!

 

На прво место

News image

Единствено со што блеска оваа Влада се измамите

Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (27)

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВ...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.