Понеделник, 29 Април 2019    Печати
Ќе го вратиме законски загарантираното усогласување на пензиите и ќе ги покачиме

altМицкоски со порака до пензионерите: Ќе го вратиме законски загарантираното усогласување на пензиите и ќе ги покачиме

Ќе го вратиме законски загарантираното усогласување на пензиите и ќе ги покачиме. Ова ветување им го даде на пензионерите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во интервју за Пресс24, тој порачува:

„Што се однесува до пензионерите, сакам да истакнам дека таму власта врши притиcok и ги kaзнува со тоа што им го укина стандардното зголемување кое беше законски загарантирано и врзано со растот на инфлациja, па сега нивните пензии не го следат растот на тpoшоците за живот. Сакам да посочам дека откако ќе се смени власта една од првите мерки ќе ни биде враќање на претходното законско решение каде на пензионерите ќе им загарантираме законско покажување на пензиите односно усогласување со инфлациjaта и тpoшоците на живот. И покрај тоа што законски им следува ќе имаат и други покачувања на пензиите, но за процентите колку тие ќе растат ќе ги соопштиме кога ќе дојде време за тоа“.