Среда, 15 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Росоклија: Денес, две битанги и една лигава, приглупа, нахакана гуска ја водат Македонија!

altРосоклија: Денес, две битанги и една лигава, приглупа, нахакана гуска ја водат Македонија!

МАКЕДОНИЈА ЈА ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ ЗАД СЕБЕ НЕМААТ СОЗДАДЕНО НИШТО, АПСОЛУТНО НИШТО КАКО МАКЕДОНСКА ВРЕДНОСТ

Бугарскиве историчари кои сега ќе ја интерпретираат македонската историја, 100 години не успеваат да се ,,договорат“ со српските, кој која битка ја добил, кој која ја загубил, кој почнал прв…ниту со Грците кој врз кого направил геноцид, од царевите Борис и Симеон, преку Василиј Втори до Калојан и балканските војни.

Но, заради умот на неумните кои ни ги инсталираа, истите тие историчари ќе водат разговори со исто толку умни од ,,наша“ страна, за нашата македонска историја, или можеби разговори за нивната историја, или како што на сите ни се чини ќе имаме диктат, како ние Македонците да ја интерпретираме историјата? Сопствената историја!

Бидејќи ,,нашиот“ или ,,вашиот“, кого вие го биравте не ние (дијаспората), нема црвени линии во неговото циркузантско или според некои тамошни аналитичари ,,глобалистичко“ сфаќање на светот, применето исклучиво во Македонија и исклучиво врз Македонците, ќе бидеме првата и верувам последната земја чија историја ја пишуваат луѓе кои го негираат нејзиното право на постоење.

Појдовна основа на бугарските историчари е еден идиотски концепт кој го слушам откако сум роден, а роден сум од родители Македонци во срцето на Скопје, главниот град на Македонија, дека јас национално не сум тоа што сум, Македонец, туку дека сум Бугарин, затоа што Гоце, Даме, Јане…се чувствувале македонски Бугари.

Тоа е исто како на Американците да им кажете дека не се Американци туку се Британци, затоа што Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и компанија, татковците на нацијата, биле и се чувствувале Британци.

Да, биле Британци но нивните акции довеле до создавање американска нација која нема намера да се враќа на ,,своите корени“ и Американците да стануваат Британци.

Идејата и борбата на Гоце, Даме, Јане…за автономна Македонија, генерациите после нив ја реализирале создавајќи нѐ автономна туку самостојна Македонија, а ние продолживме на таа самостојна Македонија да и ја создаваме историјата како Македонци, не како Бугари.

Денес, две битанги и една лигава, приглупа, нахакана гуска, кои во нивните животи освен пљачка, лигавење, слугување, одење од функција на функција и скап живот врз грбот на од нив осиромашениот Македонец не направиле ништо друго, ништо за Македонија и за Македонецот, ќе го бришат тој Македонец, сите нас, од постоење и ќе не лишат од имањето своја македонска држава?

Знаеме дека ќе потпишат сѐ, но знаеме и дека тоа сѐ ние ќе го избришеме, нема да им дозволиме тие нас да не избришат.
.
ПС: Објавено во мај 2018, кога многумина не веруваа дека ќе ни се случи, ова што ни се случува.

 

На прво место

News image

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ, ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ. ...

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на западна Австралија

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на зап...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.