Среда, 15 Мај 2019    Печати
Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на Националниот демократски институт Дерик Мичел

alt

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на Националниот демократски институт, Дерик Мичел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски оствари средба со Дерик Мичел, Претседател на Националниот демократски институт (NDI).

На средбата соговорниците се осврнаа на одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и NDI и се согласија дека истата треба да продолжи со забрзана динамика.

alt

Мицкоски го информираше Мичел за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон евро-атланската агенда на Република Македонија како долгорочен стратешки интерес на нашата земја, посебно истакнувајќи ја улогата на САД како стратешки партнер во тие процеси. Ја изрази загриженоста поради застојот на тој план која пред се е поради неспособноста и некапацитетноста на владата да испорача реални резултати.

alt

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на некапацитетноста на власта да се справи со корупцијата и да ги спроведе потребните реформи. Тој исто така посочи дека власта нема демократски капацитет и ги злоупотребува државните институции за свои лични интереси, се поприсутни освен корупцијата се и непотизмот, матните тендери и други незаконски активности.

ВМРО-ДПМНЕ