Среда, 22 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Арачиново, Кондово и Грчец, уживаат политичка заштита
Извештај: Криминалните групи во Македонија уживаат политичка поддршка

Извештај: Криминалните групи во Македонија уживаат политичка поддршка

Глобалната иницијатива против организираниот криминал го објави Извештајот во кој се анализираат тековите и жариштата на организираниот криминал на Балканот. Извештајот, кој беше презентиран во Виена, за Македонија дава јасен увид во критичните точки кои му го даваат пулсот на организираниот криминал. Меѓу другото се вели дека некои криминални групи во Македонија уживаат политичка заштита.

Криминал со политичка заштита

Во делот на градовите како жаришта на организираниот криминал, во Македонија се издвојуваат Скопје, Велес, Штип и Кочани.

Според извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, „главните криминални групи во Скопје се контролирани од етнички Албанци. Најчестите форми на организиран криминал се трговија со дрога, кражба на возила, шверцување мигранти, како и легални бизниси кои овозможуваат транспорт за шверцот, како и можност за перење пари“.

Трите главни криминални групи кои оперираат во регионот: од селата Арачиново, Кондово и Грчец, уживаат политичка заштита, заклучува организацијата во извештајот.

Велес, пак, се смета за една од главните крстосници на трговијата со дрога на Балканот. Според наодите на извештајот, во градот се врши размената на хероин за канабис меѓу криминални групи од Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Грција. Имено, токму тука се пресекуваат патиштата на хероинот кој преку Македонија транзитира кон западна Европа, и канабисот од Албанија кој се транспортира кон Грција и Турција.

„Интересно, официјалниот број на запленета дрога е многу низок, како што е ниска и стапката на криминал. Тоа сугерира степен на дослух или бенигно занемарување од страна на полицијата и политичарите“, заклучува извештајот.

Не случајно, се наведува понатаму, во Велес се роди т.н. Франкфуртска мафија – еден од најголемите шверцерски прстени во Германија, и трговија со хероин во Виена.

„Во своето ’златно време’, неколку стотици млади луѓе од Велес (најчесто со бугарски пасоши) продаваа дрога на улиците во Австрија и Германија. Дел од профитот од овие илегални активности најверојатно беа ‘испрани’ во велешките дискотеки, кафулиња, ресторани, како и во туризмот, хотелиерството и обложувалници“, се наведува во Извештајот.

Штип, како трет на листата на жешки точки, има директна поврзаност со Велес, а притоа е сместен на главната хероинска рута.

„Штип е сместен на коридор на поли-криминална активност, во најголем дел контролирана од етнички Македонци. Илегалната активност вклучува трговија со дрога, шверц на цигари, како и рекет и изнуда преку приватни компании за обезбедување“, пишува во Извештајот.

И Кочани ја дели судбината на Штип во однос на местоположбата, и од овој град најчесто се шверцуваат цигари и канабис.

„Се верува дека групи од Кочани имаат блиски врски со криминални групи од Бугарија. Се смета дека пред неколку години, криминалните групи таму оперираа толку слободно што криминалните ‘босови’ формираа ‘агенции за обезбедување’ кои им наметнаа ‘данок’ на сите продавници во градот, кој изнесуваше меѓу 30 и 50 евра месечно. На оние кои одбиваа да платат им беа запалени возилата, а продавниците демолирани. Заканата од нив беше намалена по акцијата Детонатор на македонската полиција во 2012 година“, се вели во Извештајот.

Криминален триаголник

Што се однесува во регионалната прекугранична поврзаност на криминалот, во тој дел се издвојува тромеѓето меѓу Северна Македонија, Косово и Србија, кое е претежно населено со етнички Албанци. Најголеми градови во регионот се Куманово и Тетово. Тромеѓето беше клучна точка за трговијата со нафта кон Србија и Црна Гора во времето на ембаргото на почетокот на 1990-те години. Денес, шверцот се состои од стока, храна, злато, цигари и дрога. Трговијата со дрога во најголем дел го опфаќа албанскиот канабис кој потоа преку Прешевската долина се шири на север или југ, хероин кој доаѓа од Турција и Бугарија, како и кокаин од Србија. Според некои проценки, во регионот се произведува и препакува и хероин, кој потоа оди директно за Швајцарија.

Постојат сомнежи дека во регионот на Тетово се произведуваат и синтетички дроги, откако во 2017 година беше откриена илегална лабораторија и беа запленети 300 килограми амфетамински пилули. Од 2014 година, овој регион, а особено кумановските села Ваксинце и Лојане, се и средишна точка на трговијата со мигранти.

Извештајот заклучува дека илегалните текови преку пристаништата, градовите и граничните премини во Западниот Балкан „се овозможени од политичката економија на криминал која е длабоко вкоренета во повеќето земји во регионот“.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-kriminalnite-grupi-vo-makedonija-uzivaat-politichka-poddrshka/

 

На прво место

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.