Четврток, 23 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Единствено со што блеска оваа Влада се измамите

Mickoski

Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил

Премиерот Заев ја заборави метлата, и се врати на неговата вообичаена измамничка терминологија со која сака да го прикрие колективното уништување и пеплосување на државата, велејќи дека сме блескале.

Еве како измамнички блескаме.
Едно од неговите клучни ветувања, покрај она дека ќе донел живот, а гледаме како тој се претвора во пекол, беше и она дека ќе донеле 500 евра просечна плата. Просечната плата која сега се исплаќа е далеку од ветените 500 евра. Согласно ДЗС таа во првиот квартал од 2019 година (јануари 24 517 ден., февруари 24 192 ден. и март 24 590 ден.) изнесувала 24 433 денари, што е за нешто повеќе од 5 проценти помалку, односно е намалена споредено со просечната плата исплатена во декември минатата година кога изнесувала 25 784 денари.

Се покажа точно она што го говорев, дека тогашното зголемување беше краткорочен привиден резултат како последица на зголемените даноци за оваа фискална година како и на тоа што во последниот месец од секоја година компаниите распределуваат дивиденда и бонуси на дел од вработените, што влијаеше на зголемување на просечната исплатена плата во декември минатата година.

Она што е значајно да се напомене е дека ветените 500 евра плата со оваа измамничка влада стануваат невозможна мисија и уште една измама на Заев и СДСМ.

За цели 2 години Влада на СДСМ, просечната плата се зголемила за скромни (споредено со регионот) 7 проценти, неследејќи го растот на трошоците за живот кои секојдневно се зголемуваат и го оптоваруваат семејниот буџет.

Едноставно вредноста на 1 000 денари беше многу поголема пред неколку години, споредено со денес. И за да бидам математички прецизен, за да оваа Влада постигне 500 евра просечна плата под услов да го истера до крај својот мандат, тогаш просечната исплатена плата треба да порасне наместо вкупните 7 проценти од целиот досегашен мандат, за високи 22 проценти што е невозможно со вака исклучително неспособен економски цунами тим кој нема ниту еден успех зад себе.

Единствено со што блеска оваа Влада се измамите, како оваа дека ќе има 500 евра просечна плата. Жално, но вистинито.

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ нека ти е среќен 29 - тиот роденден!

ВМРО-ДПМНЕ утре прославува 29 години од основањето

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

Иселеници

News image

СЕЌАВАЊА

Навираат, но не носат светлина во денот Тие овенуваат, ис...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (27)

НОМИНАЦИЈА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР НА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (13)

ПРАИСТОТИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И ЕОЛЦИ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.