Сабота, 25 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

alt„НЕФА МЕБЕЛ“ САМО ВО ГОСТИВАР ОГРАБИ 160 КЛИЕНТИ, ПА ОВА Е ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, ВЕЛАТ КУПУВАЧИТЕ, МАЛИ ШАНСИ ДА СЕ ВРАТАТ ПАРИТЕ ОД ИЗБЕГАНАТА СРПСКО-РУСКА ФИРМА

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

„НЕФА МЕБЕЛ“ САМО ВО ГОСТИВАР ОГРАБИ 160 КЛИЕНТИ, ПА ОВА Е ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, ВЕЛАТ КУПУВАЧИТЕ, МАЛИ ШАНСИ ДА СЕ ВРАТАТ ПАРИТЕ ОД ИЗБЕГАНАТА СРПСКО-РУСКА ФИРМА„Нефа мебел“ во Македонија има десетина продавници низ целата земја. Последната продавница во Скопје, во ГТЦ, е отворена пред точно една година, во мај лани, но од завчера сите се затворени и никој не се јавува на телефон. (Фото: Фејсбук)

Мали се шансите дека купувачите ќе си го добијат платениот мебел, откако српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ завчера без најава ги затвори сите продавници во Србија и Македонија. Руската компанија „Спилит“ која го призведува мебелот што го продава „Нефа“, пред два дена преку ноќ побегна од Врање и Самобор и остави долгови и 550 работници без работа во фабриката и 34-те продавници низ Србија, објавија српските медиуми.

„Нефа мебел“ во Македонија има десетина продавници низ целата земја. Последната продавница во Скопје, во ГТЦ, е отворена пред точно една година, во мај лани, но од завчера сите се затворени и никој не се јавува на телефон.

alt„Само во Гостивар сме 160 ограбени клиенти, па ова е организиран криминал“, вели еден од купувачите во коментар на текстот за измамата на „Нефа мебел“ на фејсбук страната на САКАМДАКАЖАМ.МК. Има и коментари на измамени купувачи од Струмица и Скопје.

Во Македонија, компанијата има 3 продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово. Но вчера попладнето сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките.

„Нефа мебел“ била привлечна со особено ниските цени на мебелот, како и дополнителните попусти кои последно биле дадени на изминатиот саем за мебел минатиот месец.

Директорот на „Нефа мебел“ во Србија Максим Максимов, минатата недела на неколку дена пред затворањето на српскиот менаџмент му испратил порака дека морал итно да замине во Русија заради технички преглед на автомобилот и оттогаш никој нема контакт со рускиот менаџмент. (Фото: Блиц)

Српски „Блиц“ пишува дека во белградските продавници мебелот е веќе разграбан од вработените за кои тоа било единствениот начин да си ги надоместат неисплатените плати, а сè што има во главниот магацин го запленил сопственикот на изнајмениот простор бидејќи Русите не му платиле закуп.

Според претседателот на српската организација за заштита на потрошувачи, нема многу надеж дека измамените купувачи ќе си го добијат порачаниот платен мебел или пак парите назад. Тој вели дека таква можност би имало само ако „Спилит“, рускиот сопственик на „Нефа мебел“, има правен наследник, во спротивно фабриката ќе оди под стечај и неизвесно е колкава би била стечајната маса. Тој укажува дека станува збор за класична приказна за сомнителен странски инвеститор, слично со „Хенди“, кои се рекламирале како најевтини, а потоа преку ноќ избегале од Србија. Според него, странските инвеститори во вакви случаи однапред си го прават есапот колку пари вложиле, а колку ќе извлечат и профитираат со измамата на клиентите и работниците.

Според „Блиц“, директорот на „Нефа мебел“ во Србија Максим Максимов, минатата недела на неколку дена пред затворањето на српскиот менаџмент му испратил порака дека морал итно да замине во Русија заради технички преглед на автомобилот. Тоа бил последниот контакт на српскиот менаџмент со рускиот менаџмент на фирмата и секој обид да ги контактираат бил безуспешен. Оттогаш почнала да откажува и логистиката, да доцни испораката на мебелот, а по е-пошта стигнувале известувања работниците да користат годишен одмор и дека е многу важно да се извлекуваат депозитите за да се исплатат долговите на фирмата.

Г. КОНЕВ

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.