Сабота, 08 Јуни 2019    PDF Печати Е-пошта
Збогум Македонијо!
alt

Исповед на Симон Андов

ИСПОВЕД НА АНДОНОВ: Правник со просек 9.20, специјалист и магистар одбиен од МНР- „Збогум Македонијо“

Македонец, кој завршил две врвни европски школи и кој има работа во Италија решава да се врати во Македонија и да работи за нецели 17000 денари.

Од 2010 година почнав да сонувам. Сонував насекаде, од Македонија, па во Франција, Хрватска се до Италија. Во 2018 год. се вратив за тоа што бев спремен сонот да стане јаве.

Го чекав конкурсот за Дипломати на Македонија. Го чекав со месеци. Всушност, не чекав туку работев и придонесував на секој начин на кој умеев. Во меѓу време, конкурирав во меѓувладина организација во Италија.

Ме примија. Солидна позиција, коректна плата, совршена држава. Заминав. На крај од 2018, конечно го објавија конкурсот за Дипломати.

Додека го читав огласот сменив температура на три годишни времиња, од топол бран до есенски ветер и на крај замрзнав кога видов – плата од 16 699 денари. Си реков од живеење пак да се вратам на преживување? Да, но сега е моментот!

Не сакам да лажам, имаше многу денови кога ме враќаше помислата, се убедував и разубедував самиот. Но на крај на денот секогаш заспивав со мислата дека сепак треба да се вратам за да пробам! За мене, за фамилијата и за мојот народ!

Почнав да припремам документи – нострификација (6 000 ден), сертификат англиски (3 000ден), да бидам поконкурентен извадов и сертификат по француски (4 000ден), потврда за неосудуваност (600 ден), трошоци за заверка кај нотар (1 000 ден), сертификат за познавање компјутерски програми (3 000ден).

Си помислив, скокнал стандардот и за аплицирање, како ли му е на оние кои се невработени и аплицираат за работа (Па никаде во Европа го нема ова. Ама ајде да не се правам многу паметен). На рачунот треба да се додадт и уште околу 25 000 евра за студиите. Ма добро – за каузата вреди да се живее – За мене, за фамилијата и за мојот народ!

Еден од документите беше ДОКАЗ за општа здраствена состојба. Пратив маил до Агенција за Администрација со молба за одговор ‘’Кој докумнет е потребен и рокот за негова важност.’’ До денес не добив одговор. Во меѓувреме, татко ми се конслутира со Матичен лекар, кој предложува лекарско уверение (1500) или потврда од лекар. Си реков лекарско имам од пред две години, анексиран со потврдата веројатно ќе се прифати. Или во најмала рака ќе се побара дополнителен документ во наредната фаза. Чунки кандидат за ЕУ, Европа, вредности! Чунки градиме нова дипломатска фела на државата!

Постапката за селекција траеше цели пет месеци. Замрзнување па одмрзнување на процесот го направија немо, без никакво соопштение. И вчера, сосем случајно отварам профилот па читам – “Твојата апликација е означена за неуредна. Причина: застарено лекарско уверение.“ Аха. Епа добро. Извинете што сум неуреден и за времето што ви го одземав и фала многу!!!

Си ја наведнав главата и се прашав: Зарем дипломиран правник (со просек 9.20), Специјалист и Магистер по европско право на ЦЕИ во Нанси, Франција, Магистер по европска интеграција на Универзитетот во Ремс, Франција, човек кој бил дел од Извршниот совет на УНЕСКО во Париз (2015), Постојаната Мисија на Македонија во ЕУ во Брисел (2015), Министерството за Надворешни Работи на Македонија (2016), Централно Европска Иницијатива, Италија (од 2018 до денес) – ЗАСЛУЖИЛ ДА БИДЕ ОТФРЛЕН КАКО НЕУРЕДЕН КАНДИДАТ? Зарем неуреден човек, би успеал да го постигне ова до 27 години и уште да ја одржи силната желбата за да се врати за свесно и совесно да се вложи во државата? Да се разбереме, не очекував црвен тепих и државни почести ниту загарантирано работно место- единствено сакав да го поминам целиот проес на конкурсот како што тоа го прават моите колеги во нивните држави.

Ех мои луѓе! Ми горче во душата! Ме печат очите а душата сака да викне! Не само за мене. За сите оние кои заспиваат со желба еден ден да жнеат на својата плантажа. Кривци еден куп. Кој во државата кој веќе пребегани. Немам за цел да ги посочам со прст. Проблемот и не е нов. Не е ни единствен. Потребни се иницијативи и решенија за сите идни случаи, за да не биде касно. Во наредниот период, писмо ќе испратам до Претседателот на државата, Премиерот и Министерот за надворшени работи, ќе алармирам и ќе зборувам гласно. За мене, за мојата фамилија и за мојот народ!

Ќе продолжам да сонувам. Кога ќе бидам спремен сонот да го направам јаве ќе се вратам. Не знам кога. до тогаш – Збогум Македонијо!

ДЕНЕШЕН.МК

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ нека ти е среќен 29 - тиот роденден!

ВМРО-ДПМНЕ утре прославува 29 години од основањето

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

Иселеници

News image

СЕЌАВАЊА

Навираат, но не носат светлина во денот Тие овенуваат, ис...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (27)

НОМИНАЦИЈА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР НА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (13)

ПРАИСТОТИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И ЕОЛЦИ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.