Сабота, 15 Јуни 2019    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ нека ти е среќен 29 - тиот роденден!
vmro 3ВМРО-ДПМНЕ прославува 29 години од основањето-(17.06.1990-2019 г.)

Денес-недела,16.06.2019г. со почеток во 19:00 часот, во Македонска Филхармонија, ќе се одржи прославата по повод 29 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. На настанот свое обраќање ќе има Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

63574182 2781229391952342 1494523278977400832 n
ВМРО-ДПМНЕ прославува 29 години од основањето-(17.06.1990-2019 г.)

Во текот на изминатите години ВМРО ДПМНЕ постојано растеше, се надградуваше, за да денес таа да е најголемата партија во Македонија. Без разлика дали била во опозиција или на власт, од основањето до денес, даде огромен допринос во изградбата на суверена и независна македонска држава.

Заслугата што денес македонскиот народ има своја самостојна и независна држава, своја армија, своја валута, сопствена дипломатија и македонски репрезентации во повеќе спортови, кои ја афирмираат земјата во светот, ја имаат голем број македонски патриоти токму од ВМРО ДПМНЕ.

За жал многумина од нив, кои дадоа огромен допринос за надминување на пречките со кои се соочуваше државата по осамостојувањето, денес не се меѓу живите. Денес го нема идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски и многу други сопартијци и патриоти кои се вложија во ВМРО-ДПМНЕ, кои го трасираа патот по кој денес партијата чекори.

Сепак, нивните жртви не беа залудни. Нивниот лик и дело живее во ВМРО ДПМНЕ, а нивниот дух дава сила да се истрае во најтешките моменти и да се чекори само напред. Нивната пожртвуваност и љубов кон татковината, беа пример за младите поколенија, кои се нафатија да го продолжат нивното дело, да ја развиваат демократијата во земјата, да ја изградат Македонија во модерна европска земја.

ВМРО ДПМНЕ ги продолжи традициите на славната ВМРО и стана вистински чувар на аманетот на нашите претци, учесници во борбата на македонскиот народ за создавање на самостојна и национална држава. Од Основачкото собрание на 17 јуни 1990 година до денес, ВМРО ДПМНЕ секогаш била прва на браникот на татковината.

Во текот на 29 години од своето постоење, партијата целосно ги стави своите човечки и други капацитети во интерес на македонскиот народ и држава. Дадените ветувања на раководството на партијата не беа само декларативна, туку целосно беа исполнувани, што го покажуваа резултатите на политички и економски план.

Македонија под водство на ВМРО ДПМНЕ никогаш не потклекна на разните уцени, особено во спорот за името со Грција, како и на низа безбедносни, економски и други кризи со кои се соочи земјата. Напротив во последната деценија од своето раководење со државата таа успешно ги надминуваше. ВМРО ДПМНЕ не само што успешно се справуваше со заканите, туку и во период на најголемите кризи кои го тресеа светот, а кои се рефлектираа во земјата, постигнуваше резултати над очекувањата како за домашната, така и за светската јавност.

Од осамостојувањето до денес ВМРО ДПМНЕ вложи најмногу од било кој друг, не само за независноста, туку за напредокот на земјата во целост. Се беше посветено на решавање на економските, политичките и меѓуетничките проблеми, потоа на евроатланската итеграција, како и на решавање на проблемите на граѓаните.

Постигнатите резултати не беа плод на волшебство, туку резултат на исправена кичма и напорна работа на раководството и членството на партијата. Сепак, покрај аманетот на нашите претходници постоеше и некоја магична сила на историското ВМРО кој го тераше членството и многумина други да се поистоветуваат со партијата и целосно да се вложат за да Македонија стане пристојно место за живеење.

За цело време од осамостојувањето до денес, македонскиот народ континуирано му даваше масовна поддршка на партијата ВМРО ДПМНЕ, која стана репер за успех.

Меѓутоа, како во секоја успешна приказна, така и во ВМРО ДПМНЕ има покрај успеси и падови. Политичките опоненти кои не можеа да се помират со фактот дека некој е подобар од нив и дека народот ги сака, ја продадоа душата на одредени центри на моќ со чија помош и разни интриги ја дофатија власта на последните парламентарни избори, иако на истите изгубија.

ВМРО ДПМНЕ го дочекува 29 роденден разочаран од двојните стандарди на меѓународната заедница кога е во прашање Македонија, но и исполнет со надеж дека и ова премрежје, како и многупати досега со помош на мудриот македонски народ успешно ќе го надмине.

На македонскиот народ му е потребно ВМРО ДПМНЕ, како што и на партијата му е потребен секој Македонец, бидејќи само единствени и сплотени можат да се одбранат и да ги остварат виталните национални интереси.

ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, како и пред 29 години, така и денес, се наоѓаат на браникот на татковината.

На прославата по повод 29 години од основањето на ВМРО ДПМНЕ, нема да има член, симпатизар, ветеран, основач или пак било кој и да е Македонец кој како роденденска желба нема да посака – партијата да истрае во борбата за зачувување на идентитетот на македонскиот народ и да се залага за доброто на секој граѓанин на нашата земја.

Само така, не би се изневерило делото на сите кои работеле а многу го дале и животот вклучувајки го и Драган Богдановски, основоположникот на ВМРО ДПМНЕ, кој цел живот и го посветил на својата татковина Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нека ти е среќен 29 - тиот роденден!

https://www.youtube.com/watch?v=seFGHc_E4Ss

Македонска нација

 

На прво место

News image

По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како подарок

ДИМОВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како пода...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.