|
||||
Заев е свесен дека доаѓа крајот на неговото владеење |
Заев е свесен дека доаѓа крајот на неговото владеење Единствениот политичар во Европа аболициран за тешки криминали, Зоран Заев е свесен дека доаѓа крајот на неговото владеење. Граѓаните веќе не може да ги слушаат неговите лаги. Аболицираниот Заев ниту го одбрани уставот, ниту ја заштити “жицата македонска”, а се колнеше во децата и внуците. Аболицираниот Заев веќе нема кредибилитет, а неговите ветувања тежат колку зборот на обичен измамник. Аболицираниот Заев уште минатата година го прослави добивањето на датум, а сега ги обвинува меѓународните партнери и пониските партиски структури дека се виновни за неговиот неуспех. Граѓаните се чувствуваат изневерени од оваа власт поради сите неправди и сиромаштијата кои им беа нанесени од страна на СДСМ. Младите секојдневно ја напуштаат државата и заминуваат во странство бидејќи оваа влада не прави ништо добро за нив. Затоа потребно е да си замине СДСМ од власт. Метлата треба да почне од Заев па надоле. Метлата ќе ја добијат на парламентарните избори, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од граѓаните и ќе ја формира новата влада. Влада која ќе претставува обнова за Македонија и ќе гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани. ВМРО-ДПМНЕ |