Четврток, 20 Јуни 2019    PDF Печати Е-пошта
На Заев не му е гајле што Европа не сака да го види на преговарачка маса

alt

На Заев не му е гајле што Европа не сака да го види на преговарачка маса

Зоран Заев минатата година најави дека добил датум за преговори. Во владиниот авион прослави дека преговорите со ЕУ ќе почнат овој јуни и замина да се разлади на море во Грција.

Годинава нема ниту “п” од преговори, а на Заев не му бегаат грчките плажи или развозувањето со скапите мотори.

На Зоран Заев не му е гајле што Европа не сака да го види на преговарачка маса. На Зоран Заев му одговара да се пролонгираат преговорите затоа што само така ќе може да си ги дели тендерите и да вработува роднини и љубовници на партиските послушници.

Цената на криминалот, корупцијата и неспособноста на Зоран Заев да испорача реформи ја плаќаат граѓаните. Зоран Заев добива ладен туш, а за жал народот е тој што се разболува. Патот кон ЕУ не е отворен, но затоа овоштарите трасираат пат со праски, бидејќи Заев и владата не ја интересира каде и како ќе го пласираат сопствениот род, иако им ветуваа и брда и долини.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека владата на Зоран Заев ќе доживее фијаско заради неспособноста да ги испорача реформите кои земјите членки на ЕУ ги бараат.

Последните најави дека сега датумот ќе дошол во октомври кои повторно ги изнесува Заев се попусти, затоа што датумот ќе дојде со реформите, а реформи нема. Впрочем кои европски лидери сега му се криви на Заев што државата оди назад во секоја област.

Останува граѓаните да се прашуваат зошто од нивниот џеб беа потрошени повеќе од 180 000 евра за прославите за датум за преговори со Европската Унија.

Одговорност за неуспехот мора да има. Граѓаните не смеат да ја плаќаат цената за неспособноста и криминалите на Заев. Македонија не смее да биде казнета заради Заев. Датум за преговори треба да биде даден, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира преговорите и реформите неопходни за членство во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.