Четврток, 20 Јуни 2019    Печати
Заев постигна договор со Грција за да биде премиер и да се спаси од затвор и за да има тендери
Мицкоски: Заев постигна договор со Грција за да биде премиер и да се спаси од затвор и за да има тендери во 4 очиМицкоски: Заев постигна договор со Грција за да биде премиер и да се спаси од затвор и за да има тендери во 4 очи
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш повтори дека договорот од Преспа со неговата содржина и начинот на кој што се создаде тој договор е поразителен за Република Македонија и за Македонците.

Ова тој го посочи при своето гостување во дебатната емисија на Клан Македонија, притоа додавајќи дека преспанскиот договор е анационален каде е одземено националното достоинство и уништена е националната гордост.

Според Мицкоски причината за промената на името е Заев да не заврши во затвор поради случајот Поткуп и промената на Законот за јавни набавки за да можат да се склучуваат тендери во четири очи.

-Начинот на кој што тој договор се случи, начинот на кој што се водеа преговорите, начинот на кој што се создаде тој договор, неговата содржина е поразувачка за Република Македонија и за Македонците. И за тоа немам никаква дилема. И јас сега можам да ви дадам многу различни примери. Како би реагирале Албанците во Албанија ако се смени името на државата? Како би реагирале и ако им речат не сте вие веќе Албанци? Како ќе реагираат? Еве јас ќе ви кажам. Многу лошо. Многу лошо ќе реагираат, така што тоа што се случи е комплетно анационален потег, одземено е националното достоинство, уништена е националната гордост и направени се отстапки кои што никој претходно ни одблиску не се осудил да го направи тоа што го направи Зоран Заев. И тоа го направи ради две работи. Првата е да биде премиер за да може да се спаси од сигурен затвор, поради случајот поткуп кога како градоначалник на Струмица бараше поткуп. И втората работа е, да може да го смени Законот за јавни набавки и да може да врват тендерите во четири очи. Тоа се двете работи, вели Мицкоски.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-postigna-dogovor-so-grcija-za-da-bide-premier-i-da-se-spasi-od-zatvor-i-za-da-ima-tenderi-vo-4-ochi/