Вторник, 25 Јуни 2019    Печати
Tевдовски е левичар со чист концепт, на Заев не му се допаднало тоа
За Тито Петковски, Tевдовски е левичар со чист концепт, на Заев не му се допаднало тоа

За Тито Петковски, Tевдовски е левичар со чист концепт, на Заев не му се допаднало тоа

Во своето гостување во дневникот на „1ТВ“, претседателот на НСДП и еден од коалиционите партнери на СДСМ и Заев зборуваше за замената на Тевдовски и за преземањето на министерската функција од страна на Заев при што кажа дека мора да се знае дека Тевдовски е автор на економската програма на СДСМ која е чисто левичарска.

-Тевдовски настапи јасно уште во предизборието, како министер уште пожестоко инсистираше дека тежината на реформите треба да се определи правилно, дека од богатитете треба да се одземе и да се даде на посиромашните. Тоа е чисто левичарски пристап, се прашувам да сега да нема некоја идеолошка разлика кога се знае дека економијата ја води еден претставник на бизнис секторот, крупниот капитал, тој судар беше тивок, латентен во самата влада, истакна Петковски.

Според Петковски, повеќе од очигледно е дека министерот Тевдовски не ги исполни очекувањата на Зае и зошто Заев се нафати да го води тој ресор во овој момент останува само да претпоставуваме.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/za-tito-petkovski-tevdovski-e-levichar-so-chist-koncept-na-zaev-ne-mu-se-dopadnalo-toa/