Среда, 26 Јуни 2019    Печати
Со Заев и СДСМ зборот не важи, туку лажи

alt

Државата веќе две ипол години буквално стагнира, ништо не се гради, нема инвестиции, нема проекти

Во Македонија под власт на СДСМ ништо не се гради, нема инвестиции, нема проекти. За првите пет месеци од годинава се реализирани само минорни 13.7% капитални инвестиции.

Имено од парите кои власта предвидела дека ќе ги инвестира во капитални инвестиции за сите 12 месеци, за 5 месеци потрошила само 13.7%. Ова значи дека неспособноста оди до таму што не можат да ги инвестираат парите кои сами ги предвиделе.

Државата веќе две ипол години буквално стагнира. Ништо ново не е направено, а проектите ВМРО—ДПМНЕ кои беа во скоро готови едвај ги дозавршија.

Ветувањата на Заев за 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта се испоставија како обични лаги.

Со Заев и СДСМ зборот не важи, туку лажи.

И иако нема инвестиции, сепак има задолжувања. Долгот вртоглаво расте, а пари кај граѓаните има се помалку.

Зоран Заев мора да одговара за пустошот кој го креира во економијата. Одговорност за стагнирањето на државата ќе има.

ВМРО-ДПМНЕ