Четврток, 27 Јуни 2019    Печати
Притисокот на власта кон сите кои мислат поинаку од нив продолжува

65455596 10213799390754223 4278456625670389760 n

10399506 1140199540427 3189816 nФБ статус на Александар Трајковски:

Притисокот на власта кон сите кои мислат поинаку од нив продолжува.


Денес ми е врачено решението со кое ми престанува работниот однос во Царинската управа бидејќи самоиницијативно сум патувал во странство по второ лекарско мислење.


Оваа одлука е директен атак на власта кон мене како избран Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ со само еден Советник повеќе од СДСМ.


На креаторите на оваа постапка за мое бркање од работа им порачувам дека нема да ме скршат туку напротив ме мотивираат бидејки тиранот е на колена!


Јас ќе се вратам во Царинската управа бидејќи Законот е на моја страна и тоа пред Суд ќе го докажам а оние кој ја спроведоа оваа незаконска постапка ќе одговараат!