Четврток, 27 Јуни 2019    PDF Печати Е-пошта
За духовната гарсоњера на Северџанските социјалдемократи
alt

За духовната гарсоњера на Северџанските социјалдемократи

Како што во граматиката две негации прават една афирмација, така и во политиката – две проституции прават една интеграција.

По ступидната „реконструкција“ на З(н)аев, со која тој се устоличи на уште една дворска функција за која е тотално недоквакан, се виде дека признанието на недоследноста се изгладува со додавката дека е таа сторена само во некои одделни, погрешно сфатени ресори. Заевизмот, како проширен и надграден груевизам, постанува онтолошки криминоген облик на владеење, каде што корупцијата излегува од својата логичка простота и влегува во секоја пора на општественото живеење. Овој досаден привид на митаџиско различие е, всушност, она што Рашковски правно би го нарекол „приватна работа“ или што би рекле Римјаните, res privatа – ствар подобна за господарско присвојување. А не треба ни да се сомневаме дека нечепнатите од СЈО орловски гнезда на разбојничката ДУИ го сакаат баш тоа!

Оваа метафизички травестирана хипокризија и некадарност, која ја продолжува и севернџанскиот прецедник Пендаровски (ангажирајќи божемен професор, лингвистичко синче со дубиозен докторат, во својот Кабинет) кога-тогаш ќе заринка пред борделот на политичката проституција. Недобивањето датум за преговори со ЕУ и покрај илегално променетото име и прокоцканиот шитнат идентитет (од Коминтерната па надаље!?) е доволна шлаканица во суратот на овие политикантски безрбетници. Но, за да ви удрат шамар, вие мора да имате образ. А овие, токму тоа го немаат – оти не е образот некаде во човекот, туку Човекот è образот!

Во овој совршен клиентелистички систем на лилипутанци кој овие суптилно-силеџиски властодршци успеаја да го создадат во изминативе две години, спонзориран и ставен на фондациски и инстутуционални отворено-општествени апарати за дишење, повеќе од јасно е дека нивниот „бонбона-бизнис“ е епистемолошко самоотуѓување на политичкото. Тука, Републиката, односно јавната ствар (res publica) е сведена на обична ништожност! Во игра се само приватните интереси и нивното лично богатење. А, што би рекол апологетскиот транзициски патријарх Фрчко Потрчко, себеостварувачките тендери тука „драги мои“ играаат клучна стабилизирачко-интегративна и, безмалку, кохезивно-те(ле)олошка улога.

Овие пост-транзициски испрдоци на надживеаната социјалдемократска ортодоксија, која во новите левичарски кругови веќе не е воопшто секси, како некој спекулативен дотерувач на сета оваа политолошка бесмисленост, го прогласуваат ова социјално status quo за којзнае каков прогресивен и џиновски НАТО-скок кон „цивилизираниот свет“!?

Аномалијата на овој рамковен комуњарско-балистички квазисистем на невредности е токму во неговата алиенација од обичниот свет! Оти ти, друже, како „прајминистер“, можеш да си вообразиш дека претставуваш некаков си принципиелен камен на општо препнување за ситните џепароши и кецароши, но притоа не гледаш дека, всушност, насекаде се спрепнуваш баш поради твојата сопствена невештина. И тука, во оваа лавина од потпросечност, неукост и плиткоумност, никаква горска спасителна служба составена од од твоите 40 советници-ајдуци нема да ти помогне. Само ќе те дозакопа во живиот песок во кој почна да пропаѓаш, опкружувајќи се со разно-разни ружиновци, андоновци, спасовци и други слични властелински спонзоруши.

Пројавената снисходливост, играњето кур-ташак со владеењето на правото и борбата со високата владина корупција, овојпат нема да биде така лесно проџвакано од „широките народни маси и столови“, па дури и од вашата фамозна „меџународна заедница“. Луѓето не се слепи бе, куриња! Мафијата која се инсталира во институциите со амин на „Западот“, само покажува дека натрапничките идеи на империјалните господари истовремено постанале и натрапнички идеи на нивните овдешни рекетарски измеќари. Впрочем, услужното слугување кое излегува од устите на божемната чиновничка елита на „Северномакедонците“ е збиберено со ен-џи-о-вските дајриња и шарените револуционери на фразата, создавајќи така еден смешен јаничарски оркестар од тривијалности и кокаински шмркуцкања.

Оваа петоколонашка клика, финансирана преку странските проектчиња и грантови за „добро владеење“ и „меѓуетнички соживот“, која се вообразува дека партиципира во светскоисторискиот тек на нештата, изобилува со мноштво (про)европски пароли и какафонски џиџимиџарници. А всушност, не забележува, дека – во меѓувреме – таа има мутирано во тажна бирократија на „граџански“ чичковци и тетки кои, на секоја издржана и трезвена критика, реагираат како налутена и пречувствителна стара мома/ерген!?

Причините за нашето општествено назадување на секое поле е тоа што овие дами и господа, репрезенти на филантропската црвена буржоазија, не забележуваат дека она што едно време се сметаше за умесно, сега се смета за грешка! Оваа соросписка распекмезена дружина, во своето опасно за здравјето духопотресно дејствување врз народот, се појавува само како шупливо јаболко на раздорот. Трагедијата е во тоа што – да беа празни, ќе ги наполневме! Вака, како шупливи, мораме само да ги фрлиме на гнојарникот на Историјата и во никој случај да не дозволиме да се беспокоиме за нивното категорично семинарско кокодакање.

***

Конечно, сега многу појасно гледаме дека овие карикатури на неразумноста кои ни продаваат разум и приучена светска геополитика, всушност не се способни да изречат ниту еден единствен пасус, а да не си противречат на себеси и на сè што досега „работеле“. Нивните лекции за лицемерие и лакрдии се далеку познати „на Балканите“. Но, голото буричкање по арсеналот на пронатовската фразеологија со ништо не му помага на народов. Тој сè уште оди бос по сокаци и сака да си направи чевли од кожата на аристокративе. А, како што разбравме дополнително, по недобивањето датум за датум за преговори – не пропадна само нашата европска перспектива, туку „пропадна“ и семејниот бизнис за марихуана на еден Братучед. Се чини дека одговорот на оваа северџанска калакурница се наоѓа во култната реплика на ликот Шефкет Рамадани од филмот Балканкан: „ – ‘Зашто, зашто’!? Да ни ебеш матер, ето зашто“!

ApasievДоц. д-р Димитар Апасиев
Авторот е универзитетски професор по право и член на Президиумот на Левица.

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.