Четврток, 27 Јуни 2019    Печати
Заев и Филипче ќе финансираат промена на полот со државни пари
Додека деца умираат и се собираат пари со донации: Заев и Филипче ќе финансираат промена на полот со државни пари

Додека деца умираат и се собираат пари со донации: Заев и Филипче ќе финансираат промена на полот со државни пари

На Универзитетската Клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград.

-Знам дека докторот веќе бил во контакт со едно лице кое е заинтересирано за оваа операција, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.

Министерот Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега. А на Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија, пренесе ПлусИнфо.

А кога ќе се изврши првата операција за промена на полот на скопските клиники, зависи од обврските на д-р Ѓорѓевиќ и секако од подготвеноста на пациентот, кој треба да прима и хормонска терапија.

Проф.д-р Ѓорѓевиќ е еден до најдобрите специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија во регионот и веќе неколку години соработува со приватната болница Аџибадем Систина во Скопје, каде веќе има извршено операција за промена на полот кај трансродово лице.

Додека владата предводена од Зоран Заев, во која Венко Филипче е министер за здравство, финансира промена на полот, болните деца се лечат со донации од граѓаните.

Деца и родилки умираат низ клиниките ширум Македонија, но за челниците од власта поприоритетно за финансирање е промена на полот отколку промена на опремата и стручноста на кадарот.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-deca-umiraat-i-se-sobiraat-pari-so-donacii-zaev-i-filipche-kje-finansiraat-promena-na-polot-so-drzavni-pari/