|
||||
Некои дадоа по нешто, но некои даваат се, даваат се за Македонија! |
Игор Јанушев за апсењето на опозициските функционери: Ќе светне денот, многу бргу кога тие што ова го прават ќе мораат да дадат одговори и ќе одговараат!По апсењето на Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски и Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Митревски од Аеродром, со своја првична реакција во јавоста излезе Генерелниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Истата ја пренесуваме во целост: “Зошто го прават ова? Зошто знаат дека губат. А, поразот ќе значи неминовно соочување со одговорност. А, одговорноста значи дека Деспотот и неговата дружина освен политичката пензија, ќе имаат и друго слободно време да размислат за сите злодела кои ги прават, за сите невини кои сега ги товорат со измислени дели, за сите судбини кои ги загорчија. Причината зошто Димитар и Дејан, денес се малтретирани е една и единствена, а тоа е затоа што ја говорат вистината. Затоа што Димитар говореше за криминалот на Зоран Заев, а Дејан им го зададе жестокиот удар што значеше пораз за криминалната власт во Аеродром на последните избори. Овие луѓе, а верувам и останатите кои денес се мета на власта, не се никакви криминалци, туку чесни луѓе, на кои Македонија и ВМРО им е пред се. Некои дадоа по нешто, но некои даваат се, даваат се за Македонија!” |