Петок, 28 Јуни 2019    PDF Печати Е-пошта
ВМРО е кауза, а каузата е нашата Македонија

MickoskiХристијан Мицкоски

Заедничко за Димо и Деки е што се од мали нозе во ВМРО-ДПМНЕ.Иако во различно време, практично секој во својата генерација израснаа во партијата.

Денес деспотот удри и по нив, рано изутринава инструираното обвинителство спроведе уште уште еден нарачан атак. Поводот секако детално образложен, иако со многу дупки, нејаснотии и нелогичности, ама вистинската причина ја знаат и малите деца.

Димитар Димовски зборуваше за криминалот на деспотот, а Дејан Митевски зададе пораз на власта уште во првиот круг од претседателските избори, а победата ја потврди и во вториот круг. Секако тука и мотивот на власта да покријат уште поголеми скандали, но за тоа во наредниот период.

Обвинителството никаде го нема кога ќе треба да одлучи за градоначалникот насилник, за вицепремиерот за кого советник од власта посочи дека е криминоген, за тендерите во здравството, за бизнисите на братот на деспотот, но затоа обвинителството се пресметува со невини луѓе.

Ова е вистинската заробена држава, дури и повеќе од тоа. Но знам дека Димитар, Дејан, Миле и сите други, кои ги знам и не ги познавам, а денес се најдоа на мета на разузданата власт ќе издржат, но и ќе победат заедно со нас.

Ние веруваме во ВМРО, а ВМРО е кауза, а каузата е нашата Македонија.

И нема да не скршат, затоа што ние ќе одиме до крај, се до конечен пораз на Деспотот кој е на колена и кој во очај крева рака за да ја замолчи опозицијата и се до заедничка победа за Македонија. Тоа им го должам на браќата и сестрите кои страдаат поради прогонот, на Димитар, Дејан и другите прогонети, на оние вработени во институциите кои треперат за своите работни места, на луѓето кои во сиромаштијата и бедата наоѓаат надеж во нас, на моите деца и сите идни генерации. Тоа и го должам на мојата татковина. И по таа победа на народот оние кои сега мислат дека се најсилни, ќе останат најслаби. Го имате мојот збор.

И сосема на крај, ги разбирам и слушам сите гласни извици на револт и целосно ја разбирам нивната емотивна реакција, дури и мојата лична емоција е голема, огромна, но на стотиците илјади наши сограѓани им должам победа во исцрпувачки маратон, а не брз спринтерски пораз.

 

На прво место

News image

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.