Сабота, 29 Јуни 2019    Печати
Христијан Мицковски>ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов закон за Јавно обвинителство

alt

Христијан Мицковски>ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов закон за Јавно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов закон за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши судбината и на СЈО. Опозицискиот лидер Христијан Мицковски во интервју за Канал 5 потенцираше дека веќе се формирани внатрепартиски тимови кои работат на законот, кој ќе ги опфати препораките и праксите на Европскиот суд за човекови права.

Шпекулациите дека ВМРО-ДПМНЕ во октомви ќе објави бомби за високи владини функционери, Мицковски ги нарече чаршиски муабети, но на прашањето дали поседува такви материјали, одговори со „можеби да, а можеби и не“.

Во однос на евентулани предвремени параламентарни избори, пак, потенцираше дека опозицијата е подготвена веднаш да прифати техничка влада на чие чело би бил Анѓушев и изборите да се организираат за 100 дена, почнувајќи од сега.

https://telma.com.mk/vmro-dpmne-ke-isporacha-nov-zakon-za-javno-obvinitelstvo/