Недела, 30 Јуни 2019    Печати
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото по победата на изборите и ќе отпочне ослободување од вистинскиот режим

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото по победата на изборите и ќе отпочне ослободување од вистинскиот режим

СДСМ паѓа. Власта е уплашена и затоа прибегнува кон притисоци, закани и шиканирања, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев е на пат да ја загрози и европската иднина на државата. Оваа влада нема капацитет да спроведе реформи, затоа и не се почнати преговори со ЕУ. Зоран Заев се што вети излажа. Вети метла, а по метлата се остана исто, само Тевдовски го нема. Граѓаните не видоа ништо позитивно со оваа власт. Земјоделците го фрлаат својот род, образованието е деградирано, здравството е уништено. Правниот систем е уништен, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон за СЈО кој е во склад со европското право и препораките на Европскиот суд на правдата.

-Правосудните институции не смеат да се користат за политичка пресметка. Одговорност за секоја злоупотреба ќе има. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото. По победата на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне ослободувањето на Македонија од овој вистински режим, стои во партиското соопштение.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-ja-vrati-pravnata-drzava-i-vladeenjeto-na-pravoto-po-pobedata-na-izborite-i-kje-otpochne-osloboduvanje-od-vistinskiot-rezim/