Среда, 03 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ е спремно на избори во секое време

vmro 2

Мицкоски: Подготвен сум да удри оваа деспотска власт и на мене, но јас ќе одам до крај

ВМРО-ДПМНЕ е спремно на избори во секое време, но оние кои бегаат од соочување се токму функционерите на власта која се плаши дека мора да одговара за криминалите и корупцијата, па бегајќи од последиците се подготвени да тргнат против сите нивни неистомисленици, па дури и кон него е пораката која ја упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој посочи дека е свесен за предизвиците со кои што се соочува партијата и дека има разработено јасен план во консултација со неговите соработници.

Имам јасен план разработено во соработка со луѓе со кои што сум се консултирал. Јас сум свесен дека можеби и до тоа да дојде, сум разговарал и со луѓето кои што се од моето семејство дека од Зоран Заев и тие околу него се може да се очекува па може и тоа да се очекува да дојдат да ме приведат. Еве ова нека биде и апел до оние луѓе кои што се врткараат, една специјална единица на Министерството за внатрешни работи изминативе денови околу мојата куќа со изговор дека се тука да го набљудуваат училишниот двор на училиштето кое што е во непосредна близина на мојот дом. Јас сум подготвен и тука нема никаква дилема дека знам која е целта на оваа деспотска власт, вели Мицкоски.

Токму корупцијата и криминалот на власта е причина поради која што државата е казнета со недавањето на датум за преговори за членство во ЕУ. Тој посочи дека тие како партија даваат се од себе за да помогнат во овој процес и лобираат кај нивните сестрински партии за Македонија да го добие долгоочекуваниот датум.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека на сите граѓани,оние кои се разочарани од владата на СДСМ, но се уште не го гледаат ВМРО-ДПМНЕ како алтернатива, им должи една победа, односно како што рече, победа во тежок маратон која што таа треба да биде голема победа.

Победата не треба да биде победа која ќе остави простор за понатамошен постизборен инжинеринг. Тоа треба да биде победа која што ќе забетонира една идна власт, реформска власт, власт која што ќе ја донесе Македонија во подобри времиња и власт која што ќе ја одведе Македонија во подобри години, додаде Мицкоски.

Првиот човек на опозицијата предупреди и од катастрофални состојби во економијата, односно историски најлоши бројки во делот на странски инвестиции, очајна реализација на капиталните инвестиции, продолжување на негативниот тренд на приходната страна во буџетот, тој исто така посоли и дека Заев во никој случај не смее да раководи со народите пари.

Мери Ѓорѓиевска

https://alfa.mk/

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.