Четврток, 04 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
МНР со месеци без здравствено осигурување

vmro 6Стоилковски:Нов скандал во МНР: Со месеци се без здравствено осигурување

Нема ден Македонија да мине без нов скандал предизвикан од власта која што тоне.

И повторно во центарот на вниманието е МНР под Никола Димитров!

Почитувани, трет месец македонската дипломатија не е здравствено осигурана. Трет месец, македонските дипломати, амбасадорите, целата дипломатија, службите, вработените во ДКП-ата, не им се покрива здравственото осигурување.

Замислете, македонската дипломатија и вработените во МНР, кои што се државни службеници, администрација, повеќе месеци земаат плата од државата, од буџетот, ама немаат здравствено осигурување.

Ова е скандал од огромни размери кој што отвора повеќе скандалозни прашања.

Прво, како е можно министерство, особено МНР, македонската дипломатија да дели плата, а вработените да немаат здравствено осигурување? Како е можно Министерство, дел од Влада, да не уплаќа здравствено осигурување? Каков пример дава Владата, МНР до македонското стопанство, до бизнисмените, со тоа што може да исплатува плата, а вработените да немаат здравствено осигурување?

Втор  аспект на проблемот е каде е Синдикатот на МНР? Каде се членовите на Синдикатот на македонската дипломатска служба, чија што веројатно последна активност беше да се повикаат вработените на таканаречениот марш за Европска Македонија, односно за поддршка на референдумот за промена на државното име? Посебен аспект на проблемот е Каде се овие месеци претставниците на Синдикатот на МНР, Синдикатот на македонската дипломатска служба, водени од звучни „борци“ како Сашко Тодоровски  и други видни Амбасадорски имиња, каде се да го повторат преседанот, како што се посочуваше и повторно да организираат протест, но овој пат за вистинско синдикално прашање, за состојба во која повеќе месеци се доведени македонските дипломати?

Како е можно синдикалци да не изустат ни збор за тоа што дипломатите и службениците во МНР немаат здравствено осигурување од министерувањето на Никола Димитров, ниту за ниеден друг скандал кој што го тресе МНР?

Почитувани,

Скандалите кои го следат МНР и работењето на Никола Димитров не само што не згаснуваат туку и се посилно удираат врз делот што треба да биде репрезент на македонската држава. Димитров знае „среде ноќ“ да среди Комисија за неговата ќерка да добие стипендија, ама не знае или не сака да го реши проблемот на вработените дипломати кои повеќе месеци не се здравствено осигурани.

Никола Димитров го претвори МНР во приватно гранапче на СДСМ! Ова е срамно, жално и ништо помалку од намерно девастирање на македонската државата.

 

Историја

News image

Реканско Галички војводи

Иван Дуков Пендаровски

Иселеници

Култура и туризам

News image

СВЕТИ МАЧЕНИК СПАСЕ РАДОВИШКИ

Проф.Др. Марко Китевски

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (23)

ПЛЕМЕТО АХЕЈЦИ ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.