Четврток, 04 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
Мислат дека со извинувања до небо можат да се избават од гревовите!

Огнен Јанески распали по Владата: Земете тоа тефтерчето на Гоца, полабавко ќе ви биде одлучувањето кој да прави реформи

Огнен Јаненски: Со извинување до небо не се избавува од гревовите, небото не е ни граница за човековата глупавост

ФБ статус на новинарот Огнен Јанески. ФБ статусот ви го пренесуваме во целост:

Леле, аман некој нека го исклучи светлото во државава!

Правдата од достижна, стигна до скоро непостоечка! Грешни Химни, грешни знамиња на држави, никаков протокол, срамови на сите страни. Мислат дека со извинувања до небо можат да се избават од гревовите! Но, тоа е се’ последица на многугодишната неказнивост! Небото не е ни граница за човековата глупавост! Никој не понесува одговорност, никој никого не почитува. Секој се меша каде што не му е местото. Влада пушта соопштение за пејачка која пеела грешна Химна на приватен настан на странска амбасада, чиниш државна службеничка е. Се’ е тргнато по ѓаволите.

 

Никогаш нема да зажалам за километрите изодени по протести и за спринтовите истрчани поради бесни „желки“ и полицајци кои ме бркале и ме тепале по улици само затоа што сум сакал да се променат нештата и сум успеал во тоа. И повторно би го правел тоа! Нит ме интересира кој е на власт – нит ме интересира кого познавам од тие што се или биле на власт. Во претходната имав роднини и блиски пријатели, а во оваа само пријатели, без роднини. Но, се’ тоа ќе заборавам за миг, штом ми чепкате, копате и роварите постојано кон личното, кон семејното, кон најблиското, само поради локални, селски и кооперациско-шерифски политики на анонимуси изветвени уште пред да го видат Сонцето. Вие мене најблиското – семејството, а јас вам најљубеното – парите и функциите. И повторно ќе ве победиме. И вие ќе паднете. И следните ќе паднат. Се’ додека не се научи некој дека оваа крава молзница не може млеко да дава постојано за истите, а на мнозинството да им го шутира копитото.

Можете до утре да ни прекинувате струја и да ни сечете цевки за доток на вода со надеж дека ќе ја уништите уметноста и културата, но, тоа не значи дека некој ќе не’ уплаши. Уплашени сте само вие, зашто сте нискофреквентни, неизреализирани, мали луѓе.

Ars longa – vita brevis!

Линк до статусот на новинарот Огнен Јанески ОВДЕ

 

На прво место

News image

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за с...

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.