Четврток, 04 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
Кога ке се спомне владата на Зоран Заев, асоцијацијата е уцена, закана, притвор, затвор, предвреме објавени пресуди, местени тендери и рекет

Ивица Томовски, магистер по бизнис администрација и потсекретар во ВМРО-ДПМНЕ.

КОЛУМНА: Економска година

Кога ке се спомне владата на Зоран Заев, асоцијацијата е уцена, закана, притвор, затвор, предвреме објавени пресуди, местени тендери и рекет. Но, премиерот Заев мува не го лази и без тронка срам објаснува како во државава цветаат рози, додека суровата вистина која ја гледаме и чувствуваме е само во главите на вмровците…      

Поради успешноста во делот на економијата премиерот се одлучува на една сомнителна и контрадикторна одлука на самиот себе, разрешување на министерот за финансии Тевдовски…

Зошто сомнителна и контрадикторна на самиот себе?! – Кога еден премиер на држава би имал успешна економија и кога економијата би растела и би цветала како никогаш до сега, како и што тврди Премиерот, не гледам логика во неговата одлука за разрешување на својот соработник кој што е одговорен за државното кесе! Напротив, ваквиот успешен министер би требало да се стимулира и охрабрува за да продолжи со правилните одлуки и политиката на државната каса, меѓутоа реалноста е далеку посурова од лажните пофалби за економската состојба на државава која што ја презентира Премиерот и Вице-премиерот.

Македонските стопанственици се во размислување дали да вложуваат во својот бизнис од неколку причини и тоа: Непланско зголемување на даноците, вештачко покачување на платите, слабата платежна моќ на населението, целосниот застој на странски инвестиции со кои малите и средни претпријатија директно или индиректно би соработувале, нема никаков економски план од страна на Владата, напротив има погубни политички одлуки како што ги напоменав зголемените даноци и вештачко покачување на платите што за овие компании полека но сигурно значи колапс!  

Кога на сите нас ни е јасна економската ситуација во Македонија и проблемите со кои се соочуваат компаниите би го посоветовал Премиерот да среди три работи во државата за да имаме успешна економска година!

Судство – Доколку сакаме да имаме сигурност во бизнис секторот неминовно е не-партиско судство, обвинителство и владеење на правото. За да имаме успешни и економски стабилни претпријатија прв услов е да се почитуваат законите, да се постапува по законите без мешање на политиката и да имаме неселективна правда, што во Македонија тоа не е возможно бидејќи бевме сведоци дека премиерот е аболициран заради криминал а истиот одреден период  го водеше судскиот совет!

Даноци – Кога во една држава има нестабилни и променливи даноци со самата промена на влас, таа држава неможе да биде економски стабилна држава! Со непромислениот и избрзан потег на Владата за зголемување на даноците, практично малите претпријатија речиси и да доживеаа колапс додека средните и големи претпријатија се на самиот раб да пропаднат. Премиере, за да се наполни државната каса која што ја задолжуваш енормно и без план не треба да ги зголемуваш даноците, ами треба да имаш ефективна наплата во сите средини на државата, како што тоа е случај во Делчево, Штип, Берово така треба да биде и Тетово, Гостивар, Струга и Дебар….. Нели промовираше ,,ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ” ?!

Директни странски инвестиции – За да има природен пат за зголемување на платите, раст на приходите во државната каса, тогаш неопходна е конкурентноста. Сведоци сме дека во Македонија веќе повече од две години речиси и да нема странски инвеститори а со тоа нема ниту повисоки плати, ниту прилив во државната каса а ниту намалување на невработеноста, кога зборувам за невработеноста тогаш мислам на реалната невработеност а не на енормното иселените со приоритет на младите и оние кои заминаа на времена работа во Хрватска и Малта а со тоа и се намалува бројот на невработени… Но, кога би навлегол во делот на странските инвестиции тука има и многу аномалии зошто ги нема, би набројал само дел од нив: нема странски инвестиции со 0 инфраструктура… катастрофа и за стопанството и за народот, слабата и недоволна посветенос на владата и владините претставници задолжени за странски инвестиции, ако ги има…, лошото и партизирано судство, зголемените даноци, процентите барани од инвеститорите кои станаа јавна тајна, рекетите на Боки и Коки, процентите за тендерите на Рашко, наместени тендери за свои блиски луѓе, амнестии за послушни пратеници во судството, акцизи до небо и нафта од 60 денари  и безброј причини заради кои трпи народот и државата!

Сосема на крај, ако сакаш да ја спасиш државава и да го зачуваме народот во Македонија, стави ја твојата доверба на испит и распиши предвремени парламентарни избори, нека ја превземи државава тим кој што знае, умее и пред се е без криминално минато, тим кој  макотрпно ќе работат за да ги санираат штетите од твоето владеење, но за тоа да бидеш сигурен дека еден ден ке одговараш за овие штети пред граѓаните на Република Македонија! Овозможи ни и нас, малкуте да не размислуваме за напуштање на родната грутка, зошто били и пече тоа чуврство! Ако не ми веруваш за тоа дека државата е вратена во ’91 тогаш излези од твојот розев свет и ке сватиш дека 99% од Македонците неможат да си го дозволат твојот луксузен живот ниту 1% однего.

Граѓаните страдаат од твоето владеење а странците те опишуваат како нестабилен паталошки лажго кој за сопствени интереси реши да си ја понижи и уништи својата држава!

https://www.signal.mk/kolumna-ekonomska-godina/

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.