Петок, 05 Јули 2019    Печати
Рашковски е копија на Заев

Рашковски е копија на Заев, негов ученик во корупцијата и криминалот

Провизии во една правна држава не смее да се договараат ниту во четири очи како што целата јавност виде дека Заев практикува во случајот „евро за Вице”. Во секоја држава членка на ЕУ функционерот-криминалец би завршил во затвор, а не да добие амнестија, како што Заев беше ослободен од македонскиот суд.

Изјавата на Заев „Да се зборува за провизии на состанок каде биле осум души апсолутно е далеку од која било нормална свест“ само докажува дека човекот е научен да бара поткуп во друг формат од начинот на кој што делува неговиот генерален секретар.

Рашковски е копија на Заев. Негов ученик во корупцијата и криминалот. Затоа Заев го штити и не го менува. Заев е тој што дал овластување однапред да се каже кој ќе победи и да се чека „награда”.

Јавното обвинителство треба да се охрабри и согласно закон да поведе постапка против Рашковски и да побара притвор за истиот, како тој нема да може да избега, да го повтори делото, ниту пак да влијае врз сведоци.

Недозволиво е Јавното обвинителство да молчи за случај каде постои сомнеж за криминал за кој е предвидена казна затвор од над пет години.

Одговорност мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ