Петок, 05 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
„Гордоста“ распослана по улиците за да се гази по неа
страшо ангеловски

„Гордоста“ распослана по улиците за да се гази по неа

Верувам дека и вие, како и јас, многупати сте чуле, а можеби уште повеќе пати сте  кажале дека децата се суштината на животот, дека заради нив и нивната среќа вреди да се живее. Дека за нив сте подготвени се’ да сторите – да работите напорно за да им купите се што им треба, да не спиете ноќе кога се болни, да ги воспитате и исшколувате најдобро што можете, да им помогнете да се вработат, да создадат семејство, да имаат свои деца за кои ќе говорат дека за нив и за нивната среќа вреди да се живее. Едноставно, да продолжат едно постоење, една жилава лоза која се провлекува низ вековите.

Па, ќе се потсетите како гордо го дочекавте нивното раѓање во некоја од салите за породување, како гордо ги правевте традиционалните мекици, како гордо ја правевте крштевката и првиот роденден, како гордо ги однесовте за прв пат во градинка, како гордо ги испративте на првиот училишен ден, како гордо се радувавте на секоја петка, како гордо се радувавте на нивната полуматура и матура, како гордо звучеше кога станаа „академски граѓани“, како гордо изгледаше нивното дипломирање. Па, ќе се потсетите колку бевте горди кога отидоа на првиот работен ден, колку бевте горди кога чукна тапанот на нивната свадба, колку неизмерно бевте горди кога ви подарија внуци…

Ете тоа е гордоста на обичниот, нормален човек, оној кој живее со и за своето семејство, за своите деца, за татковината што треба да им ја остави, за чувството на припадност кон народот од кој потекнуваат кое треба да им го всади. Толку нормални, строго прости и едноставни работи, а толку гордост собрано во нив. Вистинска гордост, која едноставно извира од вашата душа, се гледа во вашите очи, тече од вашите зборови, гордост пренесувана со генерации и генерации, собрана во традицијата на семејството и народот. Гордост која не треба да ја потенцирате, која не треба да ја организирате по плоштадите, која не треба никому насила да ја наметнувате. Гордост која постои самата по себе и самата за себе, произлезена од традицијата, божјите закони и достоинството. Достоинството на нормалниот, едноставен, обичен човек – маж, сопруг и татко, жена, сопруга и мајка.

Е сега, имате луѓе кои без причина ќе претепаат некого, па се горди на тоа; имате луѓе кои ќе ограбат некого, па се горди на тоа; имате луѓе кои ќе излажат многумина, па се горди на тоа, имате луѓе кои малтретираат животинчиња, па се горди на тоа; имате луѓе кои убиваат други луѓе, па се горди на тоа… За среќа, таквите луѓе се малцинство или според современата терминологија припадници на маргинализирана група. И замислете ги еден ден организирано со справи за мачење на животинки, со оружје, со безбол палки за тепање во рацете, да ви се појават на плоштадите искажувајќи ја својата гордост. Гордост од она што го чинат,што според нив е уште како повод за гордеење, иако е во целосна спротивност со востановените општествени и цивилизациски норми. Најверојатно, најпрво ќе се згрозите, а потоа и ќе се уплашите од нивниот обид да ги менуваат воспоставените стандарди и норми. Ќе се уплашите од можноста ненормалното да стане нормално, нечовечкото да стане човечко и да ви го урне светот во кој живеете, светот што го познавате, светот кој функционира според цивилизациски, традиционални вредности.

На 29 јуни, во Скопје, за првпат се одржа „Парада на гордоста“, на која за жал се газеше токму врз зборот ГОРДОСТ, се газеше врз неговото значење, врз неговата суштина, се газеа вредностите на зборот, вредностите на чувствата што тој збор, зборот ГОРДОСТ ги претставува. Имено, за првпат ГОРДОСТА не беше чувство, не беше интима, не беше лична сопственост на поединецот, туку за првпат ГОРДОСТА беше манифестација.

За првпат ГОРДОСТА беше организирано влечкање луѓе од соседните држави заради масовност; за првпат ГОРДОСТА беше товарање на партиски вработени во автобуси и нивно истоварање на парадата, како што беше случајот со вработените од ТЕЦ Неготино; за првпат ГОРДОСТА беше медиумска и невладино владина сопственост; за првпат ГОРДОСТА беше партиски митинг на владеачка партија; за првпат ГОРДОСТА беше киднапирана од душите и распослана по улиците за да може да се гази по неа.

ГОРДОСТА беше украдена од душите на оние кои сметаат дека е гордост да се биде хомосексуалец, дека е гордост да се биде травестит, дека е гордост да се биде во истополов брак. Им беше украдена од лицемерните политичари, кои се вмешаа меѓу нив, глумејќи дека се горди на нив, на нивната хомосексуалност, на нивните истополови бракови, а во себе си велеа – „скраја да е,таму нека им е“. Им беше украдена заради некој политички поен повеќе, заради некој ден власт повеќе. И, не навлегувајќи во исправноста или неисправноста од гордоста од сопствените постапки на тие малкумина хомосексуалци, травестити и припадници на истополови бракови, кои беа вистински учесници на Парадата, тие мора да знаат дека се длабоко искористени од страна на стотиците припадници на невладините организации присутни таму, кои преку нивната гордост ги правдаат милионите потрошени долари. Мора да знаат дека беа жестоко искористени од лицемерните политичари, кои со прикриено гадење се вмешаа меѓу нив, за да докажат пред своите ментори, кои преку своите амбасадори беа присутни на парадата, дека ги поддржуваат „западните“ вредности. Мора да знаат дека потоа дома, токму тие политичари, пред да ги погалат своите деца, три пати ги миеја рацете со средство за дезинфекција.

Сакам да кажам дека треба да престанеме да ги напаѓаме оние кои искрено си се гордеат со она што се, иако до крај ќе се бориме против нивните извртени вредности, иако сметаме дека е болно и погрешно,дека е насочено против вистинското традиционално семејство. Треба да се каже отворено дека за жал, тие со нивната Парада, најбескрупулозно и најнечовечки се злоупотребуваат од политичари без никакво чувство на гордост, па макар и погрешно.

За жал, тоа е препознатлив манир на политичарите од актуелната власт, нешто видено многупати до сега – да користат категории и групи на граѓани, заради остварување на сопствените теснопартиски и лични цели, а потоа со гадење да ги отфрлат и како Понтие Пилат три пати да си ги измијат рацете со средство за дезинфекција.

За жал, тоа се луѓе за кои ништо освен власта, парите и моќта не е свето. Тоа се политички травестити кои ги поганат и најпоганите нешта, луѓе за кои најголема гордост е да не бидеш горд.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

 

На прво место

News image

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.