Петок, 05 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
Заев денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели

ivanka

 

Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Заев наместо да побара одговорност тој го штити Рашковски со што докажа дека работел по негови инструкции и за негови цели

Зоран  Заев денеска  наместо да го повика на одговорност, го заштити Драги Рашковски. Заев  денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели.

Дека Зоран  Заев е директно одговорен за сомнителниот тендер од 7 милиони евра за набавка на АТМ  системот за  потребите на М-НАВ кажа и самиот Драги Рашковски вчера, кој посочи дека настапувал по овластување токму на Зоран  Заев.

Колега  Драги Рашковски дали  сте само извршител  на  Зоран Заев  кој е  лицето кај кого треба  да легнат парите од 7 милионската аванта? Охрабрете се и не го штитете човекот кој бесрамно ја лаже македонската јавност со години наназад.

Почитувани,

Зоран Заев  –  човекот што сака да  се заборави криминалот со бишкарникот на Мирчо и митото од 200.000 евра  нормално е да сака да се заборави и криминалот од  7 милиони  евра.

Исто  како и кај Заев, кој бараше евро по метар квадратен, така и за Рашковски постојат аудио снимки од кои се слуша „Leonardo will win the  tender“. Што тука е неразбирливо, уште пред   да се склучи договорот со Леонардо, се знаело кој ќе го добие овој тендер.

Јавното обвинителство треба  само да испита, дали кажаното во  снимката коинцидира со  настаните кои следат потоа. Едноставно  е. Оттука уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство да преземе мерки и да побара притвор, како за Рашковски, така и да го повика на разговори токму господинот Зоран  Заев. Или пак не смее затоа што тие се луѓето на кои им реферираат, дали ВМРО-ДПМНЕ  поднело или не некој поднесок.

За крај, едно обраќање до сите оние чесни членови на СДСМ и приврзаници на  таканаречената   „Шарена револуција“: – Навистина ги жалиме оние кои одеа месеци по улици и викаа  „нема  правда  нема мир“, а сега мора да молчат и да  не смеат да изустат ни збор за сомнеж за криминал вреден 7 милиони евра, кој го амнестира лично премиерот  на државата, а нивен тогашен водач.

Времето на правдата ќе дојде. Правната држава мора да профункционира. Одговорност ќе има за  сите.

 

Историја

News image

Реканско Галички војводи

Иван Дуков Пендаровски

Иселеници

Култура и туризам

News image

СВЕТИ МАЧЕНИК СПАСЕ РАДОВИШКИ

Проф.Др. Марко Китевски

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (23)

ПЛЕМЕТО АХЕЈЦИ ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.