Недела, 07 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
В4: Организација на Сорос лобирала за промена на името Македонија
В4: Организација на Сорос лобирала за промена на името Македонија

В4: Организација на Сорос лобирала за промена на името Македонија

Новинската агенција В4 објави опсежна репортажа за врските на Џорџ Сорос со актуелната македонска Влада, при што ја посочува организацијата ЕСИ (Европска иницијатива за стабилност) на австрискиот НВО активист Гералд Кнаус, како значајна алка во синџирот на оваа глобална организација за влијаење врз државите, пренесе Република.

Според В4, организацијата ЕСИ одиграла клучна улога во кампањата за преименување на Македонија.

– ЕСИ е мрежа која е активна низ Европа, а Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос е еден од нејзините главни поддржувачи. Оваа организација има сериозни активности на Балканот, каде е активна на прашањето на дијалог меѓу Косово и Србија, можноста за размена на територии меѓу нив, и ги промовира плановите на Џорџ Сорос како и германската канцеларка Ангела Меркел. – пишува агенцијата В4 во својата анализа објавена денес.

Според В4, Гералд Кнаус и неговата организација ЕСИ ја поддржуваат актуелната Влада на Зоран Заев преку неговите лични контакти со министерот Никола Димитров.

– ЕСИ одигра клучна улога во поставувањето на темелите за дискусиите и за потпишување на договорот во спорот за името Македонија меѓу Грција и „Северна Македонија“. Во 2018 година, ЕСИ придонесоа во подготовката на финалната верзија на договорот од Преспа. – пишува В4.

Агенцијата го опишува и процесот на уривање на Владата на Никола Груевски, за која се вели дека била „стабилна, десно ориентирана Влада при што конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите во 2014 година и премиерот Груевски ја формираше својата четврта Влада“.

– Но, левичарската опозиција одби да го прифати исходот на изборите и тогашниот опозициски водач Зоран Заев од партијата СДСМ се закани дека ќе објави прислушкувани материјали од премиерот и други функционери од владејачката партија. Почнаа протести и контра-протести и тоа доведе до политичка криза, на крајот на која левичарската партија СДСМ ја презема власта со помош на албанските партии и албанското малцинство. – пишува В4, додавајќи дека како одговор на ова во Македонија започнала и кампањата Стоп операција Сорос, имајќи предвид дека Заев има директна соработка со Сорос, со кого се има сретнато повеќе пати.

Новинската агенција навестува дека следната акција на Кнаус и групацијата ЕСИ на Балканот, освен поддршката за отворените граници и непреченото движење на мигрантите, е да се спречи планот за размена на територии меѓу Србија и Косово.

– ЕСИ се спротиставува на размената на територии, за што предвидува дека може да доведе до вооружени судири, и бара да не се оди во насоката кон создавање на етнички хомогени територии. Заедно со Европскиот совет за надворешни работи, ЕСИ во март испрати соопштение до европските Влади. Предлогот за размена на територии беше разгледан и отфрлен и од стана на Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон на самитот за Западен Балкан во април оваа година, каде беше заклучено дека границите на Балканот се непроменливи. – додава агенцијата В4, според која, промовирањето на идејата за етнички мешани држави на Балканот, која ја промовираат Гералд Кнаус и ЕСИ, е дел од светогледот на нивниот финансиски поддржувач Џорџ Сорос.

https://lider.com.mk/makedonija/v4-organizacija-na-soros-lobirala-za-promena-na-imeto-makedonija/

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.