Недела, 07 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
Болниот од „Илинденска”
Болниот од „Илинденска”

пишува: Светислав ВАСЕВ

Болниот од „Илинденска”

Нема поадекватен израз да се опише ситуацијата во која се наоѓа Заев и неговата влада, кои ги трчаат последните сто метри од трката која слободно може да ја наречеме „тендерашка”, отколку „болниот од Илинденска” . Веќе на сите ви е јасно, Заев е во политичка кома и само се чека часот кога ќе се обзнани дека „болниот од Илинденска” политички умрел.

Ова што го гледате деновиве, како апсења, закани, притисоци, уцени се само последните обиди со морфиум да му ги ублажат болките. Не помагаат ниту обидите да се прикаже дека нешто се работи, како сечење на ленти на автопати кои друг ги направил. Криминалот, корупцијата, скандалите го нагризаа општеството, и се закануваат со далекусежни негативни последици по државата.

Системот е до толку разјаден што за дејствие против претставници на власта се чека или се става ад акта, а против претставници на ВМРО-ДПМНЕ се прават случаи и таму каде што ги нема. И не е само ВМРО-ДПМНЕ на удар, се граѓаните, бидејќи во желба да се остане што подолго на власт не се бираат методи за репресија.

Може има помеѓу вас и скептици, па ќе си речете – Зарем толку брзо може да ги собориме!?

Јас велам да! Периодот на доаѓање до апсолутна власт им се случи многу брзо, дополнително синдромот на семоќност го добија од самиот старт, сето тоа допринесе да се корумпираат, криминализираат и оцрнат до степен на неповратливост.

Граѓаните бараат правда, младите еднакви можности, земјоделците сигурен пласман, пензионерите сигурност, вработените можност за раст, бизнисмените поволна економска клима… Едноставно е сите сакаат државата да тргне напред. Во НАТО ќе влеземе, но за ЕУ е потребна работа, а тоа со овие на власт не е можно.

Меѓународната јавност, стручната политиколошка јавност анкетите, па дури и граѓаните кои не се оптоваруваат секојдневно со политика гледаат во Христијан Мицкоски иден премиер. Веќе се врти муабетот од човечкиот потенцијал, стручноста и одговорноста што можеме да ја понудиме на чело со Мицкоски е неколкукратно поголема од таа на Заев.

Време е за промени. Да свртиме нова страница, да почнеме да пишуваме успеси. Можеме!

https://lider.com.mk/makedonija/bolniot-od-ilindenska/

 

На прво место

News image

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.