Понеделник, 08 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
Се додека Зоран Заев седи на премиерската фотелја, Македонија ќе е загубена држава

Република Македонија под водството на криминалната банда и аболицираниот Заев е загубена држава

Република Македонија под водството на криминалната банда и аболицираниот Заев е загубена држава. Држава во која граѓаните ја загубија надежта дека може да биде подобро, во која никој не верува дека може да има пристоен живот, дека економската состојба може да се подобри, држава во која нема правда.

Отсуството на правната држава, негативно се одразува на сите аспекти од животот на граѓаните. Башибозукот на криминалната банда на власт ги одвраќа странските инвеститори, го девалвира целиот државен апарат, влијае врз одлуката младите да си заминат од државата, директно им штети на граѓаните. Повеќе од очигледно е дека за шерифите на Заев не важат законите, па можат да прават буквално се што сакаат.

Во рок од само две ипол години македонската јавност беше сведок на стотици скандали на власта, кои направија граѓаните да ја загубат надежта во сопствена држава.

Дали во било која Европска држава човек кој како што сам вели работи спротивно на законите може да биде носител на државна функција. Само во Македонија на Зоран Заев, Драги Рашковски може се уште да е Генерален секретар на Влада, откако навреди голем број свои сограѓани како и народот на држава партнер како Италија. Само со Зоран Заев како премиер, човек за кој цела Македонија слушна како местел тендери може да биде носител на јавна функција

Да не заборавиме на монструозноста на Курто Дудуш кој беше пријавен, дека киднапирал и измачувал човек. Овој човек се уште е градоначалник на општината Шутка од редовите на СДСМ и покрај фактот што цела Македонија слушна како тепа и измачува граѓанин на општината со која самиот раководи.

Зоран Заев заборави и на својот довчерашен соборец Павле Богоевски кој на целата македонска јавност и призна дека порачувал нелегална опојна супстанца. Дали само поради фактот што тој беше пратеник од редовите на СДСМ, за него не се води кривична постапка?

Кој ги прислушуваше обвинителите? Зоран Заев го заташка и мега скандалот со прислушкувањето на вработените во Основното јавно обвинителство. Се уште нема одговор кој и зошто прислушкувал, нема одговор каде завршиле снимките од обвинителите, дали можеби добро познатиот за македонската јавност воајер, Зоран Заев овие снимки ги користи за уценување на обвинителството и купување на личната слобода и слободата на бандитите на власт.

Се додека Зоран Заев седи на премиерската фотелја, Македонија ќе е загубена држава. Правда нема да има се додека овој човек ја злоупотребува својата позиција да го штити својот и криминалот на своите сопартијци и пајташи. Кога тој ќе си замине, правдата во и за Македонија ќе се врати, а тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Одговорност ќе има и за оние кои со молк ја амнестираат бандата и не постапуваат согласно своите законски обврски.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за с...

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.