Четврток, 11 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
Срамот кој ни го приреди Заев станува планетарен
Стоилковски: Срамот кој ни го приреди Заев станува планетарен
Стоилковски: Срамот кој ни го приреди Заев станува планетарен
Македонија поради изгубениот Заев се претвори во загубена држава, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Практичната шега која му ја направија, која што му ја приредија на површина извади сериозни работи на површина. По којзнае кој пат се уверуваме дека аболицираниот криминалец Зоран Заев не се менува и старите манири од градоначалничкиот кабинет од Струмица сега владеат во кабинетот на Владата на Република Македонија.Во разговорот со лажниот Порошенко, Заев открива дека е подготвен да му плати на вселенскиот патријарх 100 илјади евра во кеш. Комичарот преставувајќи се како Порошенко во еден момент вели дека за признавање на автономност на православната национална црква тој дал поткуп. „Му дадов донација лично на Патријархот Вартоломеј, му дадов 100 илјади евра, тоа е еден од условите“.- се шегува комичарот во разговорот со Зоран Заев кој што мисли дека разговара со Порошенко.

-А, Заев одгoвара, сериозно одговара: „Да, тоа е многу добро. Нема проблем“. Па вели – „Тоа е многу нормално“, внимавајте Заев за давање на поткуп до Патријархот вели „Тоа е нормално“. Па продолжува – „ОК, ќе биде тоа донација во кеш, нормално ќе го направиме тоа“. Донација во кеш е нормално. Ова е целокупната беда на Заев преточена во само неколку минути. Ова го покажува менталниот склоп на аболицираниот Зоран Заев. Тука колку и да сака Заев да се правда со цигли и други градежни материјали, тој зборува и станува збор во разговорот за донација во кеш, во готово. Никој до сега не слушнал дека цигли, цемент и арматура се викаат кеш. Дотолку повеќе што Заев говори дека е нормално да се дава кеш, а натаму уште е среќен што му е даден попуст, пазете попуст па ќе даде само 100 илјади евра. Да ја ставиме шегата настрана, да ставиме настрана што открива телефони на американски функционери како да е златна книга, да оставиме настрана што не почитувал никакви безбедносни протоколи, да оставиме настрана што го обработувале речиси цела година, па и самиот им се јавувал, овде се работи за многу посериозен скандал. Ова е класичен обид за корупција за кој што Заев не само што треба да понесе политичка, туку и кривична одговорност, истакна Стоилковски.

Стоилковски додаде дека срамот кој и го приреди на Македонија станува планетарен. Не е ни чудо што сме најкорумпирана земја во Европа, кога за премиер го имаме Зоран Заев. Оставка од Заев требаше да биде поднесена уште вчера, бидејќи секој поминат ден со Заев на власт се руши се повеќе угледот и позициите на Република Македонија.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-sramot-koj-ni-go-priredi-zaev-stanuva-planetaren/

 

На прво место

News image

СДСМ треба да ги бара во своите редови членовите на рекетарско-политичко-судско-медиумски октопод

СДСМ треба да ги бара во своите редови членовите на рекетарско-политичко-судско-медиумски октопод ...

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.