Понеделник, 15 Јули 2019    Печати
Пранкот не е мртов
Пранкот не е мртовСветислав Васев

Пранкот не е мртов

Последнива година сме заглавени во театарска претстава без расплет, влегуваме од заплет во заплет! Само се менуваат стиловите, еднаш е комедија, следниот пат трагедија. Сите сме актери само не сме знаеле!? Дознавме пред една недела, кога лично главниот лик ни кажа дека само што дознал дека една година е главен лик во ,,Пранкот не е мртов” а никој не му кажал. Во таа наша ( негова ) приказна нашиот Зоки глуми политичат – премиер со многу контакти, важен човек кој е информиран за се, и секој еден може да го има на телефон, добро може не секој, ама тој мисли така.

Зоки не знаеле дека всушност глуми, па на нас неговата улога од претставата ,,Пранкот не е мртов” ни ја претставуваше како – имам одлични контакти со многу државници. Да не беше трагично ќе беше смешно.

Сега добиваат поинакво значење и ветувањата за инвестиции на Фејсбук и Гугл, како и на германскиот Фолксваген, кои премиерот Зоран мај плежар Заев ги ветуваше цела година. Може Зоки во текот на десетмесечниот серијал имал контакти и тешки разговори со челниците на овие компании. Се нуделе подароци и донации, и што ли уште не, што може ни на крај памет не ни доаѓа, а Зоки тоа го направил.

Зоки се разиграл во својата улога, па не само што има сомнеж дека одал сензитивни информации, туку и директно ја нарушил сликата за државата во очите на нашите западни сојузници. Со какви очи ќе не гледаат САД и земјите од ЕУ после ова. Може ќе речете во ред, го знаат. Јас ќе речам не. Не го знаат. Нашиот премиер на директен начин повеќе од година дена е обработуван од страна на лица по потекло од земја надвор од НАТО. Разговарале повеќе пати, а она што ни го пуштија е можеби само мал сегмент. Која сериозност и кој кредибилитет ќе гледаат сојузниците во нас? Никаков.

Зошто пранкот не е мртов!? Затоа што ако на други државници им требаше десетина минути да сватат дека се мета на шега, на Зоки тоа никогаш не му стана јасно, му стана де, ама откако дозна од медиумите. Лошо, многу лошо!

Кога некоја серија, е лоша менуваме канал, кога преставата е лоша ја напуштаме салата, а кога власта е лоша ја менуваме на избори. Време е да ја смениме власта. И за нас, за нашата иднина. И на нашите стратешки партнери им е јасно со ваков премиер ние неможеме напред. Да си помогнеме и да го направиме чекорот. Сакаме да читаме за Македонија како земја за потсмев и држава која ка сожалуваат сите или сакаме да одиме напред. Јас сакам да одам напред. Верувам и Вие!