Четврток, 18 Јули 2019    Печати
Катица и атентатот кон правдата!

alt
Напишано од Насер Пајазити

Катица и атентатот кон правдата!

Но, Катица Јанева денес се претвори во црна овца во мозаикот на паднатиот правен систем и таа претставува еден грд пример. Галената жена од меѓународниот фактор, од минатата година се претвори во „осамена дама" и таа веќе не беше „челичната специјалка„ кај голем број амбасадори на почитувани земји.

Катица Јанева и Фатиме Фетаи, двете жени од провинција, едната од Гевгелија, а другата од гостиварско Неготино, пред три години се претворија во телевизиски ѕвезди кои со својот ентузијазам рефлектираа искри на надеж дека правдата конечно ќе дојде кај нас. 

Но, Катица Јанева денес се претвори во црна овца во мозаикот на паднатиот правен систем и таа претставува еден грд пример.

Галената жена од меѓународниот фактор, од минатата година се претвори во „осамена дама” и таа веќе не беше „челичната специјалка„ кај голем број амбасадори на почитувани земји.

Катица Јанева уште од самиот почеток, без двоумење беше најсилната личност во државата, која со Фатима и Ленче се претворија и во „специјалес дами„ со супер луксузна гардероба, со која дефилира во јавноста. 

Надежта за вистинската правда  исчезнуваше, а тоа не ја импресионираше Катица, која не се двоумеше да објави фотографии на инстаграм со „Боки13″, контроверзниот лик, кој му ја провалуваше својата судбина.

Незадоволството на граѓаните кон СЈО се намалуваше секој ден, така што кон крајот на 2018 година, незадоволството дојде на 41 отсто. Ова беше показател дека оваа институција тргна кон неповратно фијаско.

Десетици случаи  со стотици осомничени и обвинети, нема ниту еден епилог, ниту еден не отиде во затвор. Никола Груевски избега во Будимпешта, Сашо Мијалков ги минува своите денови во хотелот „Marriot”, Орце Камчев шета со својот пасош,  Гордана Јанкуловска, исто така се спаси. Така што оваа институција се претвори како заигран аутсајдер во системот. 

Но, сето оваа имаше цена, која беше голем товар за џебовите на граѓаните. СЈО само во 2018 потроши 195 милиони денари или повеќе од 3,2 милиони евра, фрапантни трошоци со хипер плати и секакви бенефиции. 

Дали Катица Јанева е злоупотребувана или учествува во случајот „Рекет”, ова ќе се обелодени во текот на целосната обработка на случајот што е во рацете на Вилма Русковска. 

Но, пред сè Катица Јанева мора да биде одговорна за десетици други случаи, кои ги најавуваше како што е кумановскиот случај „Монструм, другите монтирани случаи, сомнежите зошто не се покренати обвиненија против многу функционери на ДУИ , кои беа дел од владата со ВМРО-ДПМНЕ, итн.

 Транспарентната одговорност треба да открие дали Катица Јанева станала продолжена рака на политичките и на подземните игри, кои го разнишаа патот кон вистинските реформи, кои се уште ги нема и поради тоа добивме црвен картон од Брисел.

Колапсот на Специјалното обвинителство е колатерална непоправлива штета, но и ужасен аларм кој ја уби надежта за реформи на правосудството.

Авторот е уредник во ИНА.

https://plusinfo.mk/