Понеделник, 29 Јули 2019    Печати
Христијан Мицкоски го има мечот да го пресече јазолот и да ја реши кризата

Христијан и Гордиевиот јазолСветислав ВАСЕВ

Повторно Македонија по кој знае кој пат е исправена пред политичка криза. Овој пат кризава малку подолго трае, а како и секогаш во изминативе пет години нејзиниот креатор Зоран Заев се заканува да ја втурне државата во нови ризици, кризи и безредија.

Криминалот стана секојдневие, корупцијата цвета на сите нивоа на власт, а правда нема. Затворите наместо за затворање на криминалците служат за малтретирање на политички неистомисленици и македонски патриоти, луѓе кои во животот на мравка немаат згазено, а не пак да извршат терористички чин, се во затвор, а вистински кримималци на слобода. Апсурд до апсурд. И нормално, од држава и систем каде премиер е Зоран Заев – аболициран криминалец, нема што друго да се очекува. Нештата наместо на нозе, стојат на глава. Па кога ќе се подисправиме не мава вртоглавица… А вртоглавицата се посилна и посилна и бара лек.

И доколку побргу не преземеме нешто ситуацијата ќе биде полоша. Ако за две ипол години имаме нарушена економија. Внинавајте според податоци на МФ за првата половина од 2019 година, може да видиме дека нивото на сумата на наплатен данок на добивка во вториот квартал годинава е за 1/3 помал од истиот квартал минатата година… Луѓе ова не е лошо тонеме! Полошо здравје… И додека економијата ги живее своите најцрни денови претставниците на власта не престануваат да рекетираат. И така во круг. Се додека на народот не му го земат и последното денарче од џеб.

И да не е лошо. Полошо неможе да биде! И така Заев, главата на октоподот, човекот виновен за ситуацијата во која сме ги лаже и граѓаните и партнерите од меѓународната заедница дека сме спремни за во ЕУ. Но ни едните ни другите веќе не му веруваат, а за ЕУ треба само и само работа. Е сега тука ситуацијата станува комплицирана. Со ваков криминал, прогон и економија која тоне не се оди во ЕУ. Но Заев, кој ветуваше се и сешто сега не знае како да каже дека не го бива, не моѓе толку му е капацитетот. Па откако виде дека реформи без опозицијата неможе да спроведе почна са моли за лидерски средби и помош од ВМРО—ДПМНЕ. Помошта која му беше нидена и ќе му се нуди е за државата, за нејзин напредок. Но никако тоа не смее да значи одоброволување на политиките на Заев. Токму затоа е и барањето за предвремени избори. Тие се нужни. Не за ВМРО, туку за народот. Замислете го Заев уште една ипол година на власт. Нормално подобро да не помислувате, не е пријатно чувството… Ако лани од 20 тина илјади кои мигрирале во Германија 8000 не се вратиле можете да замислите колкава ќе биде бројката, ако нема предвремени избори. И после невработеноста се намалила. Да се намали, заради картите во еден правец на илјадници млади.

Кога ќе ги поставиме вака работите многу ни е јасно зошто предвремени избори. Кризата во државата која се повеќе наликува на Гордиевиот јазол, нерешлива, може да ја реши само еден човек, Христијан Мицкоски го има мечот да го пресече јазолот и да ја реши кризата. Решението е едноставно, предвремени парламентарни избори. Веднаш! За правда за обесправените, за подобро утро за работниците, за нова надеж за младите. За обнова на Македонија!

https://lider.com.mk/makedonija/hristijan-i-gordieviot-jazol/