Сабота, 10 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
Зоран Заев-"Јас сум чесен човек, и имам свое достоинство...",

MickoskiХристијан Мицкоски

Зоран Заев-"Јас сум чесен човек, и имам свое достоинство...",

беше тоа во еден прозаичен момент кажано, колку народот да поверува во чесноста и напатеноста на Зоран Заев, со една егзалтирачка смиреност и со рака ставена на срце, само како што тој знае. Претходно не уверуваше дека е дојден на оваа позиција затоа што има повисока цел, во случај некој да се поколеба и случајно да помисли дека се бори за премиер поради бизнисите и фирмите на семејството. Ова го споменувам не со намера да си поиграм со неговите чуства, туку да ги прикажам во вистинско светло лагите со кои се опслужува неговото работеНо сега да ги оставиме на страна маските кои Заев си ги менува по потреба, да се фокусираме на реалноста. А таа е дека како на тацна имаме сервиран криминален октопод, разголен и размонтиран речиси до последната келија. Главната закана и пречка за правдата во Македонија е токму врхушката на власт од која тој криминален октопод со сите негови учесници од првиот до последниот ја наоѓа својата сила. Ако веќе првите луѓе на власта се криминалци, молкот на заспаното обвинителство и судство кажува дека се нивни најверни слуги. Сега е јасен отпорот на Заев за реформите во обвинителството, јасни се и притисоците кон газдите на медиумите кои под дамаклов меч на партизираното судство и обвинителство мора да известуваат за работата на владата, а секоја критика мора да биде дозирана, иако голем дел од медиумите покажуваат пркост достојна за почит.

Никој не верува во оние алиби соопштенија на владата, ниту пак во правдањата на комрпомитираното СЈО, а уште помалку на оние правдачки и помалку комични настапи на злоупотребеното момче портпарол. Вистината е дека владата под маската за борба против криминал создаде и штити криминал. Таквото толерирање на криминал веќе прераснува и во навреда на интелегенцијата на граѓаните. Симплифицирано ова би значело, Катица, која е пуленот на Заев, треба да почекаме да се врати од "боледувањето" кое случајно го врви на море кај јужниот сосед, со надеж дека можеби и ќе залади за да се одоброволи да даде изјава за нејзиното учество во милионскиот рекет.

Кики и Фрики се заштитените светињи, не затоа што се невини, туку затоа што блиску до врхушката на власт, а Заев ако треба и би жртвувал по некој само за да се спаси себе си. Знаеме дека ова не е изолиран случај, туку случајот Рекет е само камче од системот на криминал и корупција кој владее во Република Македонија. На површина ќе излезат и заканите кон многу други луѓе кои оваа власт ги праваше. Но главното прашање е што добија граѓаните од сето ова? Упропастена надеж, изгубена верба, разочарување и стагнација. Македонија е трета година под власт на Заев, а е секој ден се подалеку од портите на ЕУ. Сега е совршено јасно зошто нема датум за преговори, затоа што во ЕУ првите луѓе на владите не произведуваат криминал, тие се борат против него. Алармантна е состојбата во економијата, здравството, образованието, странските инвестиции, енергетиката, јавните финансии. Паричниците на Заевци се пополни, но на граѓаните се попразни. Одговорот лежи во смена на оваа власт. И тоа не смена само поради смена, туку промена поради обнова на Македонија. На почетокот споменав две работи од изјавите на Заев, првата е јасно дека човекот не е чесен, во куфер политика нема чесност и втората околу достоинството, не верувам дека знае што е тоа достоинство. Затоа што тој истиот тргуваше со достоинството на цела држава. Името, идентитетот, рекетот, крвавите тендери, плантажите со марихуана, распродажбата на нашите херои....сето ова не го прави човек со достоинство.

Андриќ ќе напише, мирот и спокојот, се единственото богатство и најголемо достоинство за скромните и без временски луѓе. Заев со своите дела нема да има ниту мир, ниту спокој. Затоа што се во животот е бумеранг, или како што нашиот народ ќе рече тоа што ќе посееш, тоа ќе ожнееш.

Фотографија на Hristijan Mickoski.
 

На прво место

News image

Ниту сме ние Бугари, ни македонскиот е дијалект на бугарскиот

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Ниту сме ние Бугари, ни македонскиот е дијалект на бугарскиот

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.