Среда, 21 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
Повик за протести на 8-ми Септември

Повик за протести на 8-ми Септември на Македонците во цел свет од Македонска Глобална Координативна Мрежа

 

 

Повик за протести на 8-ми Септември на Македонците во цел свет од Македонска Глобална Координативна Мрежа

Драги браќа и сестри по род, ген, судбина и убедување.

Се ближи 8 ми Септември , датумот на кој што ние Македонскиот народ ширум светот пред 28 години со огромно мнозинство го изговоривме историското “ ДА “
на слободен и демократски распишан Референдум за Независна и Суверена Република Македонија .

Од тој судбоносен ден поминаа точно 28 години полни со многу настани од судбинска важност за нас како Македонски Државотворен Народ .

28 неизвесни години ние сме сведоци на еден незапирлив процес на постојано губење на државната независност, името, идентитетот, јазикот, историјата , територијата и културата што со иљадалетија не означувала и не дефинирала како Македонци со своја посебност во Европа и светот.

Тој процес на обезличување го доживеа својот неславен врв со доаѓањето на власт на Зоран Заев , неговата политичка партија СДСМ и нивната коалиција со ДУИ .
Долга е листата на нивните велепредавства со нелегално и нелегитимно доаѓање на власт, преку сурово и безпримерно кршење на уставот , законот и институциите на власт , преку потпишување на “договори” , “ спогодби” и “ платформи “ со кои македонската сувереност , историја, јазик и култура им беше понижувачки предавана и продавана на нашите соседи .

“ Преспанскиот Договор” е вулканот чија што пепел наполно ја покрива и брише Македонија од историјата и мапата на Европа и светот.
Направена е една нова , вештачка и патолошка творба “ Северна Македонија “ без име, без идентитет, без јазик , без и сторија, без лице, без чест и без достоинство .

Таа срамна творба Заев и неговите подржувачи се обидуваат да ја наметнат и дома и во светот со тоа што ,меѓу другото , ќе “слават “28 години од “ Северна Македонија “ низ сите дипломатски претставништва, мисии, конзулати и институции во светот.
Ние тоа не смееме да го дозволиме по никоја цена и затоа ве повикуваме во здружен и заеднички ОТПОР и ПРОТЕСТ против овој понижувачки чин.

Ве повикуваме до каде што ве има низ светот , на 8 Септември да излезете масовно пред сите “ институциите” на таа наметната вештачка творба со што ќе покажете дека не ја признавате , не ја прифаќате и дека ќе работите со сите сили ,заедно со сите нас , да ја обориме таа гнила држава, таа мафијашка власт и да ја вратиме честа и достоинството на Македонија во светот како што историски и прилега !

ПОМНИТЕ и не заборавајте дека молкот не прави соучесници во ова време – невреме, во ова незапамтено историско зло!
ПОМНИТЕ и не заборавајте дека нашето славно минато и крвта и жртвите на нашите претци не обврзуваат да се дигнеме на величието на името
МАКЕДОНИЈА !

Да им покажеме на домашните велепредавници и нивните белосветски покровители дека:
“ Никогаш нема да дозволиме да живееме во свет во кој што ја нема Македонија!”
“ Никогаш нема да дозволиме да живееме во Македонија во која го нема Македонскиот Народ.”
Дека сме биле и пред тие сите да бидат , и дека ќе бидеме и кога нив ќе ги нема!

“ Ќе Истраеме и ќе Победиме!”
Не постои сила на светот што ќе го победи нашиот Македонску Дух .

На Многаја Лета Славному Народу Македонскому !

21-ви Август 2019 Женева, Швајцарија

Македонска Глобална Координативна Мрежа ( Тело) 

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.