Недела, 25 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски: Да не се заборави прашањето каде заврши куферот од 1 милион евра?

Mickoski

Христијан Мицкоски

Наместо борба против криминалот, гледаме дека Владата се занимава со тужби против новинари и медиуми, а Македонија продолжува тоне.

Додека Фрики, Кики, Шеки глумат навредени од вистината, а нивни блиски најавуваат апсења, колку да потврдат уште еднаш дека криминалниот октопод е разнишан и некако мора да се брани, вистинските прашања остануваат неодговорени. На пример Рускоска да одговори дали информациите кои се темелат на записникот кој го објавија медиумите се вистинити? Ако се вистинити тогаш дали е точно тврдењето дека лично Заев дал информација и предупредување до сега осомничените дека се пријавени за Рекет? Дали Заев е помагател во Рекет, и дали ова не е одмотување на клопчето кое треба да не одведе до главата на октоподот, инспираторот и нарачаталот?

Да не се заборави прашањето каде заврши куферот од 1 милион евра?

Зарем некој верува дека Јанева која се сомничи дека ја завршила главната работа во случајот Рекет, во кој се обиделе да изнудат 8 милиони евра, завршила со корист изразена во мебел од 5 илјади евра?

Зошто за премиерот и неговата свита медиумите се непријатели и ги тужат, а не велат ништо на пример за сопругот на еден нивен функционер кој така лаконски најавува апсења во стилот "државата тоа сум јас"?

Зошто на премиерот Заев му сметаат вестите поврзани за Рекет во медиумите, а на пример не му сметаат невистините кои ги кажуваат секојдневно на прес конференции од неговата партија, оцрнуваат луѓе, конструираат, манипулираат.Сите овие напади ја навредуваат интелегенцијата на народот.

И додека ова се случува тонењето на земјата нема крај. Нема ниту еден Македонски универзитет во 1000 најдобри во Светот. Одговорот на младите на крими куфер политиката е подготвен куфер за одење надвор и напуштање на земјава. Дојдовме дотаму за пензионерите да има само 36 денари повисока пензија, а за главата на октоподот 1 милион евра куфер полн пари да бидат малку затоа што криминалци има многу па треба и многу куфери за да тие станат среќни. Македонија падна на листата на Financial Times, нема инвестиции, земјоделците се незадоволни, сиромаштијата расте...

Овој воз на власта има карта во еден правец и нема назад. Обновата доаѓа и не само обнова на разрушеното, туку обнова на вредности и принципи, на идеја, идеологија и верување. Зошто само така Македонија ќе оди вистински напред.

Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.