Недела, 25 Август 2019    Печати
Па другари, ќе има ,,Пада влада” и тоа многу брзо

Operation Overlord за пад на Заев

Пишува: Светислав ВАСЕВ

Operation Overlord за пад на Заев

Систематски, внимателно, без ниту една грешка, се одвива операција за рушење на власта на Зоран Заев.

Се прашувате дали е можен негов спас? – Ќе одговорам – Не! Контурите одамна се исцртани, потписот е јасен. Го руши меѓународната заедница. Да, онаа меѓународна заедница на која и вети дека ќе донесе право и правда, борба против корупцијата и криминалот, и пред се демократија.

Замислете да сте вие некој челник на држава од Западот, и да гледате како некој Зоран Заев, една година по ред разговара и оддава информации на руски комичари, за кои мисли дека се поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко. Го гледате истиот тој Зоран Заев како се колне во ЕУ и НАТО, а во исто време е потонат во криминал до гуша. Почнувајќи од епидемијата со непотизмот, грантовите од Фондот за иновации, случајот Леонардо, тендерите во РЕК и здравство, за кои имаше сомнежи во јавноста дека се местени, па се до најновата афера Рекет, каде лично е спомнато името на Зоран Заев. Секако не треба многу да мислите. Заклучокот е јасен. Заев ги потроши сите кредити кај меѓународната заедница. Картата на која се надеваше веќе ја нема. А народот? Народот одамна го нема. Оставен е Заев сам на удар на ветрот. И тоа го знае и затоа е нервозен и паничен. Поддршка кај граѓаните нема, а ја загуби и таа кај меѓународна заедница.

Па другари, ќе има ,,Пада влада” и тоа многу брзо.

Последниот акт на насилие, кое Заев го покажа вчера со закана кон новинар и медиум затоа што објавиле документ до кој дошле е само показател дека тоне. Заканата со тужба за клевета во овој случај е неадекватна и само обид за заплашување. Се прашувате зошто? Затоа што не станува збор за клевета. Медиумот само пренесува информации од документ до кој дошол, а не презентира сопствен став. Ниту новинарот, ниту медиумот не можат да докажат дека Заев е вмешан или не во Рекет. Тоа Заев треба да го докаже пред ЈО, кога ова согласно наведеното во текстот, а согласно исказот на Камчев ќе се охрабри и ќе го повика на распит.

И додека ја пишувам оваа колумна читам Ларис Гајсер, новинарот кој ги објави снимките, од милионскиот Рекет веќе најавува нови продолженија. Вратете се на почетокот на оваа колумна сега, и веќе се ви е јасно. Броени се деновите на оваа влада! Ќе си замине разголена, со сиот криминал и корупција кои се направени.

Општеството ќе биде раздразнето. Довербата во институциите на системот разнишана и токму затоа се потребни итни чекори за обнова на Македонија. Втора шанса за ставање на државата на вистинси колосек ќе немаме. Од нас зависи.

По падот на Заев и расчистувањето на овој срам, потребна е итна ревизија на сите судски пресуди и истраги во тек реализирани изминативе минимум три години. Коренити реформи во правосудството. Силен придонес на целото општество за воспоставување на системот на владеење на правото.

Хаосот во кој живееме мора да престане. Матното мора да се избистри. Потребен е ред и поредок.