Понеделник, 26 Август 2019    Печати
Дочински: Порано или подоцна, Македонија ќе си го врати името, а Заев и останатите ќе одговараат за велепредавство

Македонскиот активист од Словенија, Андреј Дочински, на сите збунети од случувањата околу преименувањето на Македонија им ја објаснува суштината на проблемот.

„Наспроти одлуката на македонскиот народ на референдумот, Владата на СДСМ на Зоран Заев го усвои договорот од Преспа, кој меѓу другото предвидува и преименување на земјата во Северна Македонија, го ограничува правото на самоопределба на народот, налага преименување и забрана за употреба на имиња ги содржат придавките македонско/ македонски/ македонска (радиотелевизија, опера, театар…) и утврдува ревизија на историјата на македонскиот народ со поправање на историските книги и на училишните учебници.

Повторувам, македонскиот народ со бојкотот на референдумот ја отфрли одлуката која подоцна Владата ја реализира. Тоа е сè што е важно, особено за оние кои постојано и неуморно се повикуваат на владеењето на правото! Тоа е, исто така, суштината на отпорот на Македонците против неправедното, незаконско и насилно решение. Дури и изговорот дека Македонија ќе напредува на својот пат кон ЕУ во овој контекст не држи и нема никакво значење. Таквиот изговор е само уште една лага во серијата лаги што претставниците на Владата и нејзините поддржувачи секојдневно (без срам) им ги сервираат на јавноста.

Денес, на пример, истата таа влада се преправа дека спроведува реформи за исполнување на условите и критериумите за почеток на преговори за влез во ЕУ, а водачите на ЕУ од друга страна се преправаат дека сакаат Македонија да ја примат во ЕУ. Потврда за ова е најновото, десетто по ред, одбивање да се отворат преговори за пристапување на Македонија во ЕУ. Апсурдно е тоа што, според извештаите на медиумите, водачите на ЕУ потрошиле повеќе време на тоа како да му помогнат на Заев за да им објасни на Македонците дека всушност не ги одбиле, отколку да се утврди вистинскиот напредок на државата (кој, секако, го нема).

ПС: Тоа што на ваквото изгигрување на човечката волја му дадоа поддршка многу европски политичари, на чело со некои поранешни и сегашни словенечки европратеници, вака или онака е само по себе неразбирливо и крајно перверзно! Порано или подоцна, државата ќе со го врати назад своето уставно име Република Македонија, како што направија многу колонии низ светот што се ослободија од јаремот на своите завојувачи, а на Заев и на другите политичари на крајот ќе им се суди за велепредавство. А нивните поддржувачи – и тие на крајот ќе сфатат дека биле на погрешната страна од историјата“, напиша на Фејсбук кандидатот за европратеник на Словенечка национална странка на неодамнешпните избори за Европски парламент.

http://javno.mk/dochinski-porano-ili-podotsna-makedonija-ke-si-go-vrati-imeto-zaev-ostanatite-ke-odgovaraat-za-velepredavstvo/