Петок, 13 Септември 2019    Печати
Да ми претиш и да ми се закануваш и уште очекуваш да ми го кренеш?

pandov1

Александар Пандов

Боки постои женска особа во мојот живот која доста често го предизвикува тоа чувство за кое си пишувал, ми ги крева сите влакна на телото, од малото прсте на ногата до главата. Меѓу нас кажано и нешто друго ми крева!

Да бидам искрен со тебе, да си пишал заменичките Фатиме и Ленче ќе дојдат да ме апсат, па ги замислувам како со долги црни кожни мантили и високи над коленцата им чизмички (црвени или црни) со 12-ка потпетици, нешто со лисици и камшици во дланките кои патем речено треба да им се беспрекорно одржани и нормално маникирани (црвена или бела боја ноктињата), така намонтирани ми утрчуваат дома, ме носат во спална во тројка да ме испрашуваат, ја као правам пресврт, па лисиците на нив, а камшиците во мои раце .. Има, има приказна во тоа и да не грешам душа мислам дека и таа ситуација исто би предизвикале кревање, на влакната.

Ама ти ли бе р'ѓо една? Погледни се на што личиш и од позиција на писмоноша или како си се претставуваш ,,специјалниот доставувач на СЈО, Боки Бургија'', да ми претиш и да ми се закануваш и уште очекуваш да ми го кренеш?

Бургијо да не должам, еве статусов ќе стои кај мене на ѕид, времето ќе покаже на кого и што ќе му биде кренато.

П.С. Поздрави ми ги Ленче и Фатиме

Фотографија на Aleksandar Pandov.