|
||
| Пратеникот од СДСМ - Благојче Трпевски, физички нападнал гостиварец |
|
Денес околу 14 часот пред продавницата на Деликатес кај стариот трговски центар во Гостивар, пратеникот од редовите на СДСМ - Благојче Трпевски, физички нападнал еден наш сограѓанин. По сведочење од лица затекнати во моментот на случувањето, нашиот сограѓанин пазарувал во Деликатес, а колата му била паркирана пред продавницата, притоа пратеникот му свирел за да ја тргне, на што сограѓанинот не бил во можност веднаш тоа да го стори затоа што бил на каса. Во момент на бес излегол и му ја скршил шофершајбна. Сето ова не завршило тука, туку и физички го нападнал во присуство на неговата неполнолетна ќерка. За сево ова е повикана полицијата, која пристигнала на лице место. Во моментов се врши страшен притисок врз институциите на ситемот т.е полицијата и судството за да се забошоти целава случка. Но едно не е јасно како ќе се забошоти нешто кое го виделе голем број на граѓани. Законот треба да важи за сите. Моќниците на СДС колку и да сакаат да го забошотат овој немил настан ВИСТИНАТА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА. Се прашувам до каде дојде сево ова, зар треба да се плашиме од свиркањето на пратениците на власта, да не изедеме ќотек???
|