|
||||
Христија Мицкоски: Зоран Заев е давеник кој се обидува да се фати за сламка |
Христија Мицкоски: Зоран Заев е давеник кој се обидува да се фати за сламка Се што кажавме во минатото се потврдува. Мислам дека во овој момент Зоран Заев е давеник кој се обидува да се фати за сламка и се обидува со еден воинствен речник од типот газам и слично да ја мобилизира онаа структура на подржувачи во рамките на СДСМ бидејќи според нашите информации постои сериозна раслоеност во рамките на самата СДСМ, токму тоа е една од причините зошто Зоран Заев не сака да има предвремени парламентарни избори зошто знае дека ќе доживее дебакл. Инаку нелогично е човек кој е толку сигурен дека блеска дека ќе згази на избори и така натаму да не ги организира тие избори да си добие нови четири години, но јас ќе ви кажам тука не станува збор за логика туку станува збор за страв знае дека ги губи знае дека ќе доживее дебакл и знае дека после дебаклот следи одговорноста за сето ова кое го направи во Република Македонија на било кој план следи одговорност за сите досегашни политики но и следи одговорност и за криминалот кој се случуваше еве веќе трета година по ред. Влегов во оваа битка со власта, во која заедно ќе се избориме за голема победа на ВМРО ДПМНЕ. Месеци не делат до таква победа и потоа доаѓа периодот на одговорност. Секој оној добронамерник, секој оној кој што сака вистински да се бори против оваа ненародна, анационална, арамиска влада е добродојден. Мораме нешто да смениме, мораме да го вратиме оптимизмот и духот на сметките на нашите граѓани. А тоа едноставно можеме доколку сме искрени и доколку сме чесни и честити во работата и во владеењето. Јас мислам дека тоа го можам. Имам план, имам стратегија, имам тим на луѓе кои што тоа ќе го спроведат и се надевам дека за година од сега, сите граѓани на Република Македонија без разлика дали се од Република Македонија или се дел од македонската дијаспора ќе бидат горди што се македонци и ќе бидат горди на својата татковина Република Македонија. Дел од моето интервју за радио емисијата ,,Македонски корени" од Сиднеј, благодарност до нив на поканата за гостување. |