Четврток, 10 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
Искршена плочата-сведок за геноцидот во Егејска Македонија

СРАМ СРЕДЕ СКОПЈЕ: Искршена плочата-сведок за геноцидот во Егејска Македонија

СРАМ СРЕДЕ СКОПЈЕ: Искршена плочата-сведок за геноцидот во Егејска Македонија

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН најостро го осудува вандализмот од засега непознат сторител или сторители поради бруталното кршење на мермерната спомен-плоча на Споменикот на децата бегалци во Паркот “Жена Борец“ спроти Собранието на Македонија во централното градско подрачје на Скопје! Во нивната објава се вели:

„Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН ова сквернавење на Споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија го смета за смислена намера на антимакедонски сили поттикнати од Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, со која Владата на Зоран Заев се откажа од Македонците од Егејскиот дел на Македонија насилно прогонети за време на Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција, како и од Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година со која Владата се откажа од Македонците во Пиринскиот дел на Македонија!

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН бара надлежните органи да ги преземат сите мерки за откривање на сторителот или сторителите и нивните ментори и инспиратори и да им изречат најголема казна затвор за ова гнасно дело!

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН бара Владата повторно да ја изгради искршената мермерна плоча на Споменикот каква што беше пред да биде брутално искршена!

Мермерната плоча беше поставена на 19 јули 2016 година, на Денот на Светителот Сисое Велики, заштитник на децата, со следниот текст:

“28.000 деца, најмногу Македонци од Егејскиот дел на Македонија и други места на Грција, насилно беа прогонети за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година… Останаа трајно раселени во источноевропските и прекуокеанските земји. Далеку од своите родни огништа… Овој Споменик е вечен Паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота…”

Текстот на мермерната плоча беше испишан на македонски јазик и на англиски јазик, за да биде разбирливо за сите во Македонија и странски посетители што претставува Споменикот на децата бегалци во Паркот “Жена Борец“!

Мермерната плоча е донација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушорадци од Лерин во Македонија и Светскиот Македонски Конгрес.

Споменикот на децата бегалци, пак, е откриен на 30 јуни 1988 во чест на одржувањето на Првата Светска средба на децата бегалци одржана од 30 јуни до 4 јули 1988 година во Скопје.

Првата Светска средба на децата бегалци беше одржана од 30 јуни до 4 јули 1988 година во Скопје, Втората Светска средба на децата бегалци беше одржана од 15 до 19 јули 1998 година во Скопје, Третата Светска Средба на децата бегалци беше одржана од 15-20 јули 2003 година во Солун, Костур, Воден, Лерин и С’ботско, Четвртата Светска средба на децата бегалци беше одржана од 18-21 јули 2008 година во Скопје и Петтата светска средба на децата бегалци беше одржана на 30 јуни и 1 јули 2018 година во Скопје.

Помен и вечен спомен за жртвите од Граѓанската војна во Грција…!“

https://denesen.mk/sram-srede-skopje-iskrshena-plochata-svedok-za-genocidot-vo-egejska-makedonija/

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.