Петок, 25 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Имаме план за економски бум во првите 100 дена од новата влада

Мицкоски: Имаме план за економски бум во првите 100 дена од новата влада

Мицкоски: Имаме план за економски бум во првите 100 дена од новата влада

Во однос на странските инвестиции, Мицкоски истакна дека иако владата се фали оти успале да ги триплираат ваквите инвестиции, сепак вкупниот износ е многу помал во споредба со други земји од регионот

Неуспешните политики на Зоран Заев и оваа арамиска влада не можат да се премолчат. Оваа влада уништува стандарди и носи лоши резултати, уништувајќи ги животите на граѓаните, рече на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Опозицискиот лидер најави дека неговата партија веќе има план за тоа како да ја започне економската обнова на земјата, а тоа, како што рече, граѓаните ќе го почуствуваат уште во првите 100 дена од новата влада.

Доаѓа обнова на Македонија и економски бум, имаме најавени проекти од странски компании кои ќе ги претставиме во наредниот период, а ќе се реализираат во 100 дена од новата влада“, истакна тој.

Тој констатираше дека факт е оти владата на Зоран Заев не прави реформи, не сака да прави рефрорми и нема план за правење реформи. Додаде дека ваквиот факт е потврден и од ЕУ и Светската банка.

Светската банка во извештајот кој го издава еднаш годишно, „Дуинг бизнис“, потврдува дека годината најавувана како економска година се претвори во економско цунами. Забележан е пад од 7 места и Македонија сега е позиционирана на 17 место, а земјата бележи назадување во сите 10 индикатори кои се оценуваат од Светската банка“, истакна лидерот на опозициската партија.

Во однос на странските инвестиции, Мицкоски истакна дека иако владата се фали оти успале да ги триплираат ваквите инвестиции, сепак вкупниот износ е многу помал во споредба со други земји од регионот.

Поради неспособноста на оваа арамиска влада скратени се и нешто повеќе од 50 милиони евра кои од почетокот на годината беа предвидени за капитални инвестиции и истите беа вратени во буџетот за тековни потреби бидејќи не знаат како да ги потрошат“, обвини партискиот лидер зборувајќи за домашните директи ивестиции.

Приходите во буџетот се на 70 посто од тоа што било планирано, а расходите на 68 отсто од тоа што било планирано. Со други зборови, владата ги собира парите од бизнисот и од граѓаните и наместо да ги троши за капитални инвестиции, ќе се повикаат на краткото помнење на јавноста и ќе ги користат за поткуп за следните избори“, посочи тој.

Мицкоски истакна дека сликата која луѓето од ЕУ ја добиваат за Македонија е дека е земја разорана од поделби и неизвеснот, поради што оцени дека владата е делегитимирана и веќе падната.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-imame-plan-za-ekonomski-bum-vo-prvite-100-dena-od-novata-vlada/

 

На прво место

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.