Вторник, 29 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
Зошто проектот „Северна“ пропаѓа и ќе доживее колапс
alt

Зошто проектот „Северна“ пропаѓа и ќе доживее колапс

Откако проектот „Северна“ почна да пропаѓа, можевме да слушнеме како расте гневот и нервозата кај водечките поддржувачи на таканаречениот „Преспански договор“ – западните елити кои го промовираа. Овој гнев е разбирлив од повеќе причини. Западните елити ги вложија своите кариери и својот углед на овојо проект. Тие вложија голем дел од својот углед во изминатиет неколку години промовирајќи го проектот. Но сега се соочени со реална опасност дека проектот нема да успее.

Таканаречениот „балкански експерт“ Џејмс Кер Линдзи, професор на Лондоската економска школа, кој никогаш не бил во Македонија, преку Твитер порача дека Станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поништи договорот од Преспа ако победат на изборите. Тие не се толку глупави. Наместо тоа, ВМРО ќе го поткопува договорот. Постојано ќе ја провоцираат Грција да реагира додека договорот не се распадне. Дали Атина ќе може да одолее на нивните провокации?“ Ова покажа дека низ нивниот табор се шири паника. И не само што ќе продолжи да се шири, туку ќе станува уште поостра, особено како што наближуваат изборите во Македонија следната година.

Освен веројатноста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, погледнете ја изјавата на поранешниот министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос, кој оцени дека употребата на името „Северна Македонија“ според моделот ерга омнес – во сите околности – и се што доаѓа со тоа, може да биде одложено бидејќи Македонија не доби датум за отпочнување на преоговорите со Европската Унија. Според грчкиот весник Катимерини, „Членот 1 став 10 од договорот предвидува период во кој ќе се спроведе употребата на сложеното име (Северна Македонија) во внатрешните документи на државата зависи од отворањето на поглавјата од преговорите“. Венизелос забележува дека „ако не се отворат преговорите, ќе дојде до оддолжување на реалната уптореба на сложеното име во нивните внатрешни прашања… Со тоа, ќе се одложи ерга омнес употребата на името“.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски е согласен со ова и изјави дека целосната употреба на таканаречениот „Преспански договор“ ќе биде привремено паузирано што е силен удар за Владата на Зоран Заев како и за западните елити кои го промовираа договорот.

Од своја страна, најголемата партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, се залага за поништување на договорот на секој можен начин. Во изјава за грчката телевизија Скај, меѓународниот секретар на партијата Тимчо Муцунски изјави дека партијата, доколку дојде на власт, одново ќе го отвори „Преспанскиот договор“ бидејќи постојат „правни можности“ за неговото поништување. Во смел потег, во обраќање до грчката публика, тој рече дека „гарантирам дека во мојот живот, но и потоа, ниту еден граѓанин на оваа земја нема да го користи новото име доброволно или природно. Ова произлегува од основното право на самоопределување, но и од фактот дека никој не може да ми негира дека сум тоа што сум – Македонец од Македонија. И јас мислам дека ниту културолошки, ниту лексички ниту во било која форма, тоа може да се смени“.

А изгледа дека, повторно, претседателот Стево Пендаровски се согласува со него. Во интервју за телевизијата Ал Џезира Пендаровскирече дека на него и на сите Македонци им пречи придавката „Северна“ и дека се уште не може да се навикне да ја користи, по што, со двоумење додаде дека можеби со текот на времето ќе се навикне да го прави тоа. Беше индикативно тоа што го користеше изразот „можеби“, што укажува на неизвесност.  А кога претседателот на државата изнесува несигурност во врска со толку важно прашање, тоа отвора долгорочен сомнеж. Сомнежот веќе генерира раскол меѓу Пендаровски и Заев, кој го направи Пендаровски тоа што е. Овој раскол ќе се шири ако Заев продолжи да инсистира на проектот „Северна“ без оглед што ќе се случи и ќе притиска, до горкиот крај, дека не постои никаква алтернатива на членството во ЕУ, дури и ако таканаречените „балкански експерти“ најавуваат разни алтернативи. Флоријан Бибер, еден од овие таканаречени експерти, вели дека се потребни алтернативни решенија. Но Заев продолжува слепо да инсистира дека невозможниот проект „Северна“ ќе успее, и покрај неговите слабости и падови.

Се поставува прашањето зошто? Зошто се случува ова? Зошто се распаѓа проектот „Северна“, и покрај тоа што беше прогласен за „историска спогодба“ и за „модел за целиот регион“?

Сметам дека постои една фундаментална причина за тоа:

Македонската Влада го наметна овој проект преку Собранието при што ја игнорираше волјата на граѓаните, користеше закани, лаги, притисоци, апсења и кој знае уште што. Ова е многу лабилна основа за врз неа да се гради нова куќа. Всушност, ова не е ниту основа, ова е како да градиш врз песок, на мочуриште, на ветер или на вода… ме разбирате што сакам да кажам. Идејата е да се создаде сосем ново име и идентитет иако мнозинството од граѓаните гласно се противат на тоа е луда и е осудена на пропаст.

А сепак западните елити го храбреа Заев и неговата Влада, и уште го прават тоа, и се лутат ако некој ги прозве за тоа што го прават и им каже дека проектот пропаѓа.

Британскиот писател историрач и филозоф Даглас Мари, по прашањето на Брексит, вели: „ќе се покаже дека или имате демократија, или немате“.

Изборот е на тебе, Македонијо.

 

На прво место

News image

Игор Јанушев шеф на Републичкиот изборен штаб

Генералниот секретар Игор Јанушев ќе биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвре...

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.